Христијан Мицкоски се плаши за Венко Филипче па му даде еден совет: Би го советувал да се држи до епитетот витезот

0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма го обвини Зоран Заев дека на лидерската средба прво зборувал за можни датуми за избори, а не за здравјето на граѓаните.

-Од самиот почеток на средбата, господинот Заев почна да лиферува со дати, а сите други зборуваа за здравјето на граѓаните. Прво рече 14 јуни, па дури потоа почна да зборува доколку Комисијата за заразни болести дозволи. Сите на лидерската средба беа вчудоневидени. Сите со зачуденост го гледавме.

Видовме дека ситауцијата дека ќе оди во бездна, и ние останатите почнавме позрело да размислуваме. Само останатите, за соговорникот видовме дека поинаку ги третира работите. И јас тогаш го предложив алгоритмот, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната „Топ тема“ на Телма телевизија, истакна дека владата задоцнила со мерките за стопанството, сега е доцна за тие мерки, сега ни е потребна стратегија.

Задоцнивме многу со сетот на мерки, сега нам веќе мерки не ни требаат, сега нам ни треба стратегија, затоа што мерките требаше да се донесат до сега, за да можеме да застанеме на нозе кога сето ова ќе помине, за да може да поделите плата вие треба да имате приход, ако приходите се намалени, прашање е како ќе поделите плата, такви се илјадници, истакна Мицкоски.

Jас во лекарот Филипче имам доверба. Но, ова е политичко барање. Зошто? Затоа што вие неможете да зборувате за избори, а истовремено да барате продолжување на вонредната состојба. Тие две работи не идат паралелно.

Тие две работи се контрадикторни. Ќе разберев ако одевме со наративот “ја победивме пандемијата, херои сме” и така нататаму и се ќе беше во ред. Немаме луѓе кои што го губат животот, процентот на новозаболени е под 3 отсто и тогаш да, дајте луѓе да зборуваме за датум кога ќе се одржат изборите.

Затоа велам тоа што го збори Филипче е лицемерије. Јас немам дилеми во неговата стручност, но за жал Филипче плови во води и заедно со претседателот на СДСМ прават грешка. И се плашам дека од епитетот витезот, да не го добие епитетот џелатот. Бидејќи коментарите денеска не се баш такви какви што беа пред еден месец.

И би го советувал да се држи до епитетот витесот, бидејќи сепак тие луѓе се лекари и тие луѓе треба да спасуваат човечки животи, а не да туркаат политички платформи, дециден е Мицкоски.

Претходна статијаСашо Тасевски: Филипче, прими сочувство
Следна статијаПознатата балканска пејачкa: Како е можно тоа, кој им дава 50.000 евра за еден настап