Неповолни вести за патувањата со авион: Очигледно дека многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше

0

Март се смета за најлош месец за туризмот, кога е регистриран пад од 57 отсто на туристичките пристигнувања по широкораспространетото воведување патни ограничувања и затворањето на аеродромите и националните граници за да се спречи ширењето на вирусот, соопштија од ООН.

Притоа се забележани дури 67 милиони меѓународни патници помалку во периодот од јануари до крајот на март, што доведува до загуба на приходите од околу 80 милијарди долари.

Светската туристичка организација посочи дека изгледите за годинава зависат од тоа колку брзо повторно ќе се отворат меѓународните граници. Според најдоброто сценарио, засновано на олеснување на патните ограничувања на почетокот на јули, меѓународните пристигнувања на туристи може да се намалат само за 58 отсто.

Меѓутоа, ако границите и ограничувањата за патувања се укинат дури на почетокот на декември, падот би можел да биде дури 78 отсто.

Очигледно е дека многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше, смета министерот за здравство Венко Филипче.

Во однос на авиотранспортот, ова е многу легитимна дилема која сите ја имаат. Прво зависи од политиката што ќе ја водат авиокомпаниите, државите во однос на аеродромите.

Како што се сега најавите, очигледно дека многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше, па да има за кратко време пристап до аеродром, поминување на безбедносните процедури.

Очигледно дека сега се најавите дека тие ќе траат повеќе време. Цела на состанокот во Атина е ова, рече денеска на прес-конференција Филипче, одговарајќи на новинарско прашување како во иднина ќе се одвива авиосообрќајот.

Министерот за здравство појасни дека уште поважен кај нас е копнениот сообраќај. Потсети на големиот број наши граѓани кои патуваат и големиот број странци кои транзитираат и се задржуваат во нашата земја, онаму каде што може да се застане или неколку дена поминуваат кај нас.

Имаме повеќе отворени прашања. Кои ќе бидат иницијалните ставови? Сега предвид доаѓа тестирање кое можеби е во важност неколку дена. Но, сепак не е гаранција, може да е некаква сигурност.

Се поставува прашањето – кои резултати, чии резултати, какви тестови и колку време треба да важат. Понатаму, што ако околните земји имаат некаква друга политика. Верувам дека ова ќе биде една добра координативна средба за да се иницира понатаму и тој заеднички состанок на земјите во регионот.

Министерот за надворешни работи е целосно во тек и на тоа ниво се разговара, и во земјите на ЕУ и на ниво на регионот, соопшти Филипче.

Претходна статијаАнестезиологот Радмила: Не сме само обучени да го „стави пациентот да спие“
Следна статијаВанковска: Ова е таква манипулација што немам зборови – ова е ненормално време за избори по повеќе основи