Јоци: Единствен излез се избори, без да се дава екстра време и простор на залутани ликови во политика

0

По лидерската средба и на барање на претседателот на државата Стево Пендаровски, Комисијата за заразни болести го дефинира протоколот за спроведување на изборниот процес за време на кампањата и за време на гласањето во услови со коронавирус пандемија.

Протоколот денеска го министерот за здравство, Венко Филипче.

„Комисијата за заразни болести подготви протокол во четири дела за изборната кампања и изборниот процес кој мора целосно да се спроведува за да се заштити здравјето на граѓаните. За време и пред активностите на изборната кампања треба да се почитуваат правилата за физичка дистанца од 2 метра и да се носи маска.

При одржување собири мора да се почитуваат веќе познатите мерки за превенција и дистанца за да се избегне концентрирање на луѓе на поголем простор“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Со своја реакција на темата избори се јави на Фејсбук, Јорданка Ивановска Јоци која во својот статус го напиша следново:

Македонскиот народ треба да сфати дека корона-кризата ја туркавме со техничка Влада, со вмровски министри и заменици, кои не беа баланс, напротив тежок тег.

По завршување на вонредната состојба, таа техничка Влада ќе ги нема сите овластувања за справување со оваа надреалност и абнормалност од кризата, која уште трае на сите полиња, а на опозицијата тој хаос и` одговара. Затоа што само во хаос се безбедни сите нивни ликови на обвинителни клупи и други кои имаат кривични, заедно со лидерот.

Немаме ни Собрание, кое носи закони. Не е во функција се до избор на нов пратенички состав.

Единствен излез се избори, без да се дава екстра време и простор на залутани ликови во политика, кои, се` повеќе стануваат деструктивни и кочат се`, го растегнуваат ластикот, ги одложуваат деновите до нивен пад, во надеж дека сепак ќе смислат нов план – како да се спасат од обвиненија и судови.

,,И претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, пред неколку дена изјави дека по завршувањето на вонредната состојба, ДИК, веднаш треба да продолжи со подготовка на изборите.”

Претходна статијаВаквo нешто досега не паметиме: Филипче најави како ќе изгледа изборната кампања и изборите
Следна статија(ВИДЕО) Каракачанов: За 10 или 20 години ќе зборуваме како да ги заштитиме правата на Македонците во Албанската провинција-Македонија