Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека Комисијата за заразни болести изработи научни претпоставки за тоа како може да се движи состојбата со вирусот.
-Согласно нашите трендови во периодот кој претстои се очекува понатамошна стабилизација на ширењето на корона вирусот. Меѓутоа сме свесни, дека целосно исчезнување на вирусот тешко е да се очекува.
Оттаму држењето на бројот на ново заболени под контрола, капацитетите на болниците во добра состојба и почитување на мерките за лична заштита се индикатори кои е исклучително битно да се пратат апсолутно во секој момент.
Согласно сегашната состојба во следните два месеци очекуваме најзначајно намалување на ширењето на вирусот, а индикациите на кои се темелат овие претпоставки се следните, најсилни изразени пост карантински мерки, затворените граници и неможноста да имаме импортиран случај, значи само случаи со локална трансмисија.
Денашните и вчерашните случаи се поврзани со еден мал настан во Скопје, рече Филипче, кој додаде дека вообичаено ваков тип на белодробни епидемии траат меѓу 8 и 12 недели, а сега сме во 11 недела.
Предлог план за намалување на мерките кој ќе се одвива во неколку фази, најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
Како што кажа тој, предлогот е донесен од страна на комисијата за заштита од заразни болести, врз основа на повеќе параметри кои го овозможуваат таквиот чекор.
На новинарско прашање дали е возможно одржување на изборите, тој наведе неколку аргументи поради кои смета дека периодот пред нас ќе биде мирен и ќе има можност за одржување на избори.
Во однос на изборите сите тие процеси, овие мерки коишто ги носиме, овие предивдувања коишто ги даваме врз основа на анлизите коишто ги правевме досега, истите параметри коишто се анализираат цело време. Заради тоа што наш став, наш начин на работа во целиот овој период е да сите овие мерки ги димензионираме врз основа на бројките на пациенти.
Пред нас е еден мирен период, заради тоа што имавме досега строги мерки, видливи се резултатите од рестрикциите на движењето и затворените граници, Според дискусијата, според предвидувањата сметаме дека пред нас е еден мирен период, период во којшто може да се изменаџира овој евентуален број на пациенти со којшто може да се соочиме.