Од следниот понеделник, 18 мај, најавено е дополнително олеснување на мерките – тогаш би се овозможило организирање на културни настани и манифестации во затворено и на отворено, одржување тренинзи и се отвораат фитнес-центрите и базените.
Хрватска влезе во третата фаза од олабавување на епидемиолошките мерки – школите за дел од учениците ги отворија вратите, а по речиси два месеци пауза започнуваат да работат трговските центри, кафетериите и рестораните, но со строги препораки со кои детално се уредува начинот на нивната работа.
Олабавувањето на рестрикциите не се однесуваат на островот Брач, на пример каде е вратен построг режим откако токму ова место стана ново жариште на епидемијата.
Со владиниот план за покренување на стопанските и другите активности предвидено е во третата фаза да да овозмоѓи работа на претшколските устаноиви и одделенската настава од 1 до 4 одделение во основните школи, како и работата со децата со потешкотии во наставата кои работат со помош.
Келнерот од Хрватска Горан Милановиќ (34) оздраве од коронавирус, односно, повеќе не е позитивен, но тој и натаму се чувствува лошо. Претпоставува дека се заразил на австриска граница, каде што чекал 6 часа кога се враќал од сезонска работа.
Штом се вратил, останал во карантин, а по четири дена му соопштиле дека е позитивен. Во текот на вечерта му се качила температурата и тешко дишел.
Пред 11 дена неговото име се најде на списокот на оние кои го победија Ковид -19.
-Не знам што да речам, формално сум здрав, но се чувствувам како нешто да не е во ред. Температурата наеднаш ми скока на 37,1, па за пола час се спушта.
Немам апетит, изгубив 5 килограми, ме болат белите дробови. Се движам само до тоалет – вели Горан кој не примал никаква терапија додека бил позитивен.
-Побарав помош од матичниот лекар кој се уплаши, па само од прозор ми препиша таблети за смирување и ми даде упат да носам халтер.
Ќе почекам најмалку уште три месеци да ги направам сите анализи, а што ќе биде до тогаш со мене, никој не знае – вели Горан Милановиќ.