Познатата светска авиокомпанија со голем потег: Дава 100.000 бесплатни авио билети за медицински лица

0

По речиси три години директни летови меѓу Скопје и Доха, „Катар ервејс“ летово нема да ја опслужува оваа авиолинија.

Глобалната пандемија на корона вирусот и огромното намалување на интересот за патување со авиони придонесоа катарската авиокомпанија од крајот на мај да планира авиосообраќај само до 52 дестинации, додека во јуни би се активирале редовните летови до вкупно 80 дестинации, се нагласува во нивното официјално соопштение.

На веб-страницата на „Катар ервејс“ можат да се набават авиобилети за директни летови меѓу Скопје и Доха дури за крајот на октомври годинава.

Во меѓувреме, патниците кои треба да летаат кон и од оваа дестинација имаат избор за трансфер од аеродромите на неколку града во регионов (Истанбул, Виена, Загреб и Белград), преку кои тие би патувале од и до Скопје.

„Катар ервејс“ обезбедува 100.000 бесплатни авио билети за здравствени работници ширум светот, кои се во првите борбени линии против коронавурисот, а по повод 12-ти мај – Светскиот ден на медицинските сестри, стои на официјалната страница на авиокомпанијата.

“Ние во „Катар ервејс“ сме особено благодарни за посветеноста и напорната работа на здравствените професионалци низ целиот свет кои се грижат за луѓето во ова неизвесно време.

Нивното херојско залагање, посветено и професионалност спасија стотици илјади животи низ целиот свет“, вели Акбар Ал Бакер, главен извршен директор на Qatar Airways.

Здравствените работници кои ќе сакаат да ја искористат оваа можност ќе можат да аплицираат денеска за да добијат уникатен код, а делењето на билетите ќе биде според принципот прв дојден – прв услужен.

Од Qatar Airways наведуваат дека здравствени работници од целиот свет може да аплицираат за овие бесплатни билети.

Претходна статијаВанковска за полагањето испити на +30 степени: Ќе треба со локум да ги молиме да дојдат
Следна статијаГоран иако се излечил од Корона вели: И понатаму чувствувам како нешто да не е во ред