По тензичното попладне во Србија, вечерва Вучиќ се огласи со вонредно обраќање

0

Денес во соседна Србиај е тензично откако на платото пред срспкото Собрание, вечерва се собраа околу 400 подржувачи на владеачата Српска напредна странка и помала група на подржувачи на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.

Имено поддржувачите на СНС извикуваат „Бошко фашист“ и носат српски знамиња, како и транспарент со заедничка фотографија на претседателите на Србија и Кина, Александар Вучиќ и Си Џинпинг, со натпис „Срби и Кинези браќа засекогаш“.

Меѓу двете групи граѓани распоредени се припадници на полицијата и жандармеријата и досега нема инциденти.

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, вчера започна штрајк со глад пред српскиот парламент, барајќи одложување на изборите и преговорите меѓу власта и опозицијата, по што двајца пратеници на СНС стапија со штрајк со глад барајќи од обвинителството да преземат мерки според Кривичниот законик против групата предводена од Обрадовиќ која во петокот предизвика инцидентот пред парламентот.

Вечерва, на прес конференција претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека вечерва се одржува собир во близина на српското Собранието каде се собрале повеќе од 5.000 приврзаници на СНС и 65 движења на Двери.

Кога не се снаоѓаме со епидемијата, иако е многу подобро, неприфатливо е да ги изложиме нашите граѓани на опасност и сакам да кажам нешто што ќе звучи чудно. Недалеку од овде, се одржува собир, 5.790 приврзаници, претежно СНС и околу 65 вкупно поддржувачи на движењето „Двери“.

Не го велам ова за да се пофалам, туку да ги замолам да не се собираат барем до крајот на мај. Организатор не е СНС, туку друга организација, ги сакам тие луѓе, но ова не е одговорно однесување. Ние сакаме да го заштитиме нашето здравје, треба единство.

Ние сакаме да го заштитиме нашето здравје, треба единство. Знаеме кој е мнозинството во Србија, тоа е прикажано на изборите, а не додека сè уште се бориме против епидемијата- истакна Вучиќ.

Претходна статијаСтудентите веќе се во загуба: Стипендиите доцнат, а САД и Германија ова лето нема да ги видат
Следна статијаЧепреганов: Бугарија не не успеја да докаже дека во Македонија навистина живеат Бугари