Во текот на изминатите 24 часа во Кина и во Јужна Кореја повторно се забележува зголемен број на заболени од ковид-19. Овие земји се загрижени дека станува збор за втор бран на заболувања откако почнуваат олабавување со мерките против борбата со коронавирусот.
Во Кина се регистрирани 17 новозаболени во последново деноноќие, а во Јужна Кореја се дијагностицирани нови 35 лица.
Новите жаришта на коронавирусот во Кина и Јужна Кореја се загрижувачки поради очигледната способност на вирусот да продолжи да се шири незабележано, анализира Си-ен-ен.
Иако бројката е далеку помала од оние што секојдневно се пријавуваат во Западна Европа и САД, враќањето на вирусот, особено во град со толку интензивен надзор и ограничувања како Вухан, ја доведува во прашање одржливоста на повторното отворање на градовите.
Вухан потврди пет нови случаи на коронавирус во време кога Кина бележи благ раст на бројот на заразени. Кина денеска потврди 17 новозаразени, три повеќе од неделата.
Големата метропола со 11 милиони жители, која беше ставена во карантин повеќе од два месеци на крајот на јануари, беше особено погодена од новиот коронавирус, кој зарази скоро 83.000 луѓе во Кина и уби 4.633 луѓе, според официјалните податоци.
Нивото на епидемиолошки ризик во таа област е подигнато од „ниско“ на „средно“, соопштија надлежните.
Вухан се сметаше за област на „низок“ ризик од укинување на забраната за излегување надвор на 8 април, а таму активноста постепено продолжи со строги санитарни мерки по четири месеци принуден одмор поради вирусот.
Кина извести за уште 13 нови случаи со КОВИД-19 во неделата, а за прв пат од 1 мај бројот на случаи во еден ден е двоцифрен.
Огромно мнозинство на нови случаи има на северо-исток, каде што градот Шулан е исто така карантин.
Кина во саботата призна дека пандемијата открила „празнини“ во нејзиниот здравствен систем и во системот за спречување на заразни болести.