Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје Скопје имаше што повторно да каже на фејсбук:
Сограѓани, сожители, соселани од сите вери и нации и како и да се чувствувате.
Не знам кога конечно ќе разберете и прифатите дека:
– короната е вистинска
– короната е присутна, овде е
– короната не е заебанција, нека е и вештачки создадена
– никој ама баш никој не е короноотпорен, ниту вие ниту вашите најблиски
– ако не се грижите за своето здравје, ако сте несовесни и неодговорни знајте дека во опасност ги ставате блиските и сите нас
– мора (глупо ми е што ова го пишувам трет месец откако почна коронава) да бидете сериозни
– има едно чудо здравствени работници кои месеци не ги виделе своите или само на саат два и заради ваше безобразие и себичност уште нема да ги гледаат
– претерувате со покажување на нечовечност, ја увидовме одамна таа ваша карактеристика
Доста е. Зар сите што седат дома не сакаат да шетаат, не сакаат се видат со пријатели и роднини? Тие не знаат што е убаво? Зошто ги казнувате нив?
Верувам дека и меѓу верниците има совесни луѓе кои знаат дека ништо на светов не е незаменливо. Се може да се изведе и другпат. Само едно нешто не е незаменливо – човечкиот живот. Е тука нема “ај пак”.
Доста е, ги преминавте сите граници.
Пред неколку дена Денис имаше исто така интересно обраќање во кое кажа:
8-9 саати одиш по куќи и станови облечен ко космонаут, дишеш ко Дарт Вејдер, скоро цел ден со маска и ракавици, како во финска сауна се потиш заради материјалот од кој е направен скафандерот, качувај се неброено пати во денот до 5-6 кат па и поткровје пошто нема лифт во зградата или не работи.
Излези – влези од колата по стопати во денот, доаѓаш дома, миење раце, дезинфекција, туширања, капнат од умор си легнуваш во 9, се грижиш за здравјето на тие кај што одиш, се грижиш и за своето затоа што знаеш дека од твоето зависи и здравјето на тие со кои живееш но и твоите комшии, се бориш максимално за што побрзо да ја избркаме коронава и веруваш дека набрзо ќе се случи и тоа.
И наеднаш – Струга И веднаш знаеш дека уште ќе се бориш со несовесноста, себичноста, безобразноста и безумието.
Туго.