Катица Јанева: Камчев многу беше среќен кога разговараше со многу негови миленички

0

Катица Јанева во Судот денеска раскажуваше за предметот „Империја“.

„Не беше привилигран Орце Камчев, ниту беше нешто да паѓаме во несевест за него како некои“, рече Катица Јанева во судница.

Таа истакна дека го дала предметот да го води Лиле Стефанова, и дека таа побарала ПИ мерки. Катица Јанева рече дека ја поддржала во тоа, и дека од судијката Димишкова добила дозвола за ПИ мерки.

„Камчев кога дојде тука рече дека од август знае за ПИ мерки од Васил Димишков, лице кое не го познавам, ниту пак беше повикан тука да даде исказ“, рече Јанева.

Предистрагата за „Империја“ кај што првоосомничен е Јордан Камчев, почнала од неврзан разговор меѓу Дејан Панделески и Миле Јанакиески, за купувањето на земјиштето зад „Рамстор“. Обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева одбраната на ова судење наречено „Рекет” ја гради на тоа како се водела истрагата за „Империја “, зашто е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата токму за овој случај на СЈО.

Орце Камчев често доаѓаше во СЈО за да дознае дали е таргет. Многу беше среќен кога разговараше со многу негови миленички, посебно кога во еден ден купи банка, ЗИК Пелагонија и друга фирма. Кога го прашуваа од каде толку пари, тој велеше дека не е сам – рече Јанева.

Обвинителката Лиле Стефанова е голем професионалец и таа го отвори случајот “Империја”, рече Јанева.

„Лиле Стефанова, обвинителката која ја поведе „Империја“, за мене е врвен обвинител, професионалец, највреден и најпослушен. Ги прислушуваше претходно Миле и Гордана. Но, нема поискусен обвинител од неа за таков предмет да поведе. Таа водеше преку 24 предмети. Не беше привилегиран Орце Камчев. И не паѓавме во несвест од него, како некои”, сведочеше Јанева.

Поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во својата одбрана за случајот Рекет тврди дека работела единствено по законот за СЈО.

-Душата ми беше во СЈО, се гордеам на начинот на кој работев Јас и моите помошници обвинители. Ниту еден оформен предмет не се темелеше само на прислушуваните разговори, истакна Јанева во својот исказ.

Претходна статијаЏамиите ширум Македонија се отвараат: ИВЗ донесе одлука
Следна статијаВоздушниот простор се отвора: „Визер“ вечерва со три линии ги обновува летовите од нашата соседна држава