Во моментов има 404 активни заболени , направени се 332 теста. денеска има нов скок на новозаболени пациенти , но ќе го следиме резултатот и ќе дознаеме дали е тренд.Во текот на утрешниот ден и во сабота ќе се утврди на што се должи овој трен, рече министерот Филипче.
На Инфективната клиника има 44 пацинети , а во болницата 8- септември има вкупно 18 пациенти. Со амбасадорката на Швајцарија ја посетивме мобилната клиника , но сега нема потреба да се користат. Ќе може да се организира ургентен интернистички центар , каде што ќе се прави тријажа , рече Филипче.
Стигнаа 20 монитори , помош од ЕУ , уште 25 000 маски М55 , а дополнително треба да стигнат и хируршки маски вкупна вредност од 3,2 милиони евра. Од Норвешка стигнуваат уште 20 респиратори , рече Филипче.
На утрешниот состанок на Штабот во Владата на кој ќе се вклучи и Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за тоа како ќе се регулира забраната за движење за време на викендот, а на состанокот в сабота ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките од следната недела, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
На прашањето дали може да се очекува целосно укинување на полицискиот час, Филипче рече дека за ваква одлука ќе се имаат предвид сознанијата за движење на новодијагностицирани пациенти, врз основа на анализата на податоците и од утре, имајќи предвид дека денеска има зголемување на бројката на новозаразени во споредба со изминатите денови.
„Искрено се надеваме дека ова денеска е поединечна варијација и дека од утре ќе продолжи трендот од изминатите 14 дена, за што заклучивме дека е сериозно мал број дијагностицирани случаи и оди во корист за олабавување на мерките“,
рече Филипче додавајќи дека се’ ќе зависи од ставот на епидемиолозите во Комисијата за кои рече дека се врвни професионалци на кои ова не им е прва епидемија и прв приоритет им е јавното здравје