Ванковска: Јас сум од оние кои не можат да замислат да излезат надвор без шминка

0

Билјана Ванковска е доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје.

Професор е и на Европскиот мировен универзитет во Шлајнинг, Австрија. Активна во невладиниот сектор и е јавен заговарач РЕКОМ – Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства на територијата на бивша Југославија од 1991-2001.

Објавено повеќе книги и 100-тина научни статии и поглавја на повеќе странски јазици. Колумнист и соговорник на медиумите во Македонија и надвор од неа.

Ванковска има објавено преку стотина книги, поглавја и научни статии, најголем број од нив во странство и на англиски јазик. Таа е член е на уредувачки одбори на повеќе реномирани меѓународни научни списанија (International problems, Journal of International Relations and Development, European Perspectives, Human Security, Res Militaris), а ведно таа била и прв уредник на научното списание „Безбедносни дијалози“, кое го издава Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје.

Ванковска денес на својот профил на Фејсбук објави:

Многу вистина во напишаното… Јас сум од оние кои не можат да замислат да излезат надвор без шминка (до душа дел од причината е што имам витилиго од млада виозраст, па тоа некако ми доаѓа како дел од гардеробата и рутината, не ми одзема време, а прави да се чувствувам подобро).

Но, целиов овој период не ставив шминка за ниту една прилика, освен за онлајн наставата (некако студентите претпоставувам дека се навикнати да ме гледаат во друго издание, а и целата појава изгледа послужбено кога ќе се дотерам ? )

Но, не еднаш размислував за тоа колку заштедив на шминка, па средства за вадење шминка, па време, итн. Колку си станав поприфатлива и колку ми е неважно што ќе помислат другите што ќе ме препознаат во супермаркет (особено, пак носењето маска си има свои „предности“).

Кога ќе се вратиме во „нормала“ веројатно ќе продолжам со старата навика, ама можно е тоа да биде и се’ поретко.

Впрочем, суштината на животот (па и на убавината) не е во шминката и надворешниот изглед – е една од научените лекции од пандемијата

Претходна статија„Тато зошто Бугарите не ни даваат да зборуваме македонски“
Следна статијаГероски му врати на Љубчо Георгиевски: Ај, деновиве ќе биде уште поинтересно