Докторот Бранимир: Јас сум за сите под 65 години да се заразат со Корона

0

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека се создадени сите услови за укинување на вонредната состојба воведена во Србија поради пандемијата на новиот коронавирус и порача дека таа не треба да трае „ ниту еден ден подолго од потребното“, јави дописникот на од Белград.

Брнабиќ на седница на Парламентот, на која треба да се усвои предлогот на Владата за укинување на вонредната состојба, истакна дека во Србија повеќе од седум дена има помалку од пет отсто заразени лица со Ковид-19, што е најважниот услов за укинување на вонредната состојба.

Според неа, препораката на Светската здравствена организација (СЗО) е мерките да бидат постепено олеснети кога ќе се исполнат шест услови кои се доставени до Министерството за здравство. – Доказите покажуваат дека пренесувањето на Ковид-19 е контролирано, што ние го исполнивме повеќе од седум дена.

Под два, здравствените системи имаат доволен капацитет да ги идентификуваат, изолираат, тестираат и лекуваат сите случаи, како и да ги следат и да ги сместат сите контакти во карантин, што за среќа е случај во Србија од првиот ден и тоа не е сменето, наведе Брнабиќ.

Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ кој на почетокот на пандемијата тврдеше дека кореонавирусот не е опасен и треба слободно да се движиме, а потоа откри дека тоа го изјавил само за да не се крева паника, повторно ја шокираше јавноста во регионот. Несторовиќ сега тврди дека половина од оние што се на респиратор ќе умрат и според него, треба сите да се заразиме.

„Јас сум поддржувач да се отворат училиштата. Вирусот сè уште циркулира и јас сум за тоа сите да се заразат, а старите над 65 години да се држат во изолација до 15 јуни. Не мислам дека после 15 јуни ќе го има вирусот. Епидемијата има своја динамика. Сега сме во фаза како што бевме во декември со грип.

Јас се залагав уште порано за опуштање на мерките, но другите не се согласуваа. Мислам дека треба сите да се заразиме бидејќи вирусот е слаб.“ изјави Несторовиќ и додаде дека не верува во вториот бран на пандемијата бидејќи вирусот ќе слабее.

„Вирусот е производ на лабораторија и многу истражувачи го тврдат тоа, но тие веруваат дека тој не бил пуштен намерно, туку дека избегал“.

Претходна статијаПристигна најава за отворање на кафаните во Македонија – Министерот Бектеши се огласи
Следна статија„Тато зошто Бугарите не ни даваат да зборуваме македонски“