Пред прет дена според официјалните податоци за состојбата со коронавирусот во државава, потврдено е дека во Дебар нема новозаразени, а негативен е и тестот на последниот случај кој беше присутен во градот.
Градоначалникот Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб сепак апелира до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат препораките и мерките на надлежните, затоа што, како што додава „битката е добиена, но не и во јната со невидливиот непријател“.
Инаку дебрани и понатаму се мошне доследни во почитувањето на препораките и мерките. Забраната за движење во периодот од речиси два месеца ја прекршиле помалку од десет лица.
Од Оштата болница си замина и последната, четврта група лекари специјалисти кои доаѓаа од Скопје и од други градови за да помогнат во справувањето со коронавирусот.
Од детската клиника во Скопје преку социјалните мрежи објавија текст за својот вработен.
Овој 1 мај стоиме исправено со раката на срце, во чест на нашите лекари, педијатри. Додека ние седиме дома, тие се борат да ги спасат животите на нашите најмили од корона-вирусот.
Еден од нив, доктор Бесим Вејсели, вработен на Клиниката за детски болести на одделот за интензивно лекување, е јунак во очите на својте колеги. Во најголемата криза во Дебар, кога корона-вирусот беснееше, тој сам се втурна и 24 часа беше најголемиот пријател на децата и нивните родители.
– Не се уплашив од корона-вирусот, туку само се прашав која ќе биде мојата улога во оваа борба, каде ќе бидам јас ? Татко ми го изгубив кога имав 20 години, а тој толку многу посакуваше да сум добар човек и добар лекар. Тешко ми беше како млад студент без него. Сега кога и јас сум родител, знам што значи родителска поддршка.
Во Дебар, тоа беше мојата најголема мисија. Уште ги паметам очите на родителите кои со страв гледаа што ќе биде со нивните деца заболени од корона-висусот.
Но, имав среќа што на работа, имав уште еден родител кој ме научи како се спасуваат деца. Моја професионална инспирација е мојата професорка Аспазија Софијанова, ја сакам нејзината храброст, таа е лидер, силна жена која ги сака децата и поради тоа не се плаши да превземе ризик.
И благодарам за довербата. Состојбата со короната не направи да ги гледаме работите од вистинска страна. Кризата не направи подобри. Најважно е што ја исполнив желбата на татко ми. Што да правам, ги сакам луѓето, уште повеќе децата, вели д-р Вејсели.