Македонците би можеле полесно на летување на Малдиви отколку во Грција

0

Зрак на надеж беше состанокот на министрите за туризам на ЕУ кои, по барање на девет земји (Италија, Грција, Шпанија, Португалија, Малта, Франција, Кипар, Бугарија и Романија) расправаа како да се спаси летната сезона во земјите членки кои живеат од посета на туристи.

Од таа средба произлезе идејата за отворање туристички коридори (слични такви во моментов има за снабдување) и за хармонизирани мерки за заштита на туристите (од оддалечување на лежалките, дезинфицирање на авионите, па до специјални платформи на вода на кои би одмарале оддалечени едни од други цели семејства).

На тој состанок произлезе и најавата за т.н. „корона пасоши“ како решение и да има туристи, и да не се шири епидемијата, така што сите што ќе тргнат на летување претходно во сопствената земја мора да направат тест дека прележале ковид-19.

Деновиве СЗО таквата идеја ја отфрли во целост, бидејќи никој не може да тврди дека тие што прележале ковид 19 имаат некаков имунитет и дека нема да се заразат уште еднаш, уште повеќе што така ќе ги мотивираат младите што се очајни за летување да се заразат намерно , за да добијат таква потврда.

Како и да е, Австрија и Чешка (за бизнис посети до 3 дена од ЕУ државјани) почнаа во практика да ја спроведуваат оваа мерка, но дури и да биде прифатена од ЕУ, таа содржи неколку сопки. Најпрво, не е јасно дали ваквиот „корона пасош“’ ќе важи само за туристите од ЕУ или и за граѓани на третти земји, како Македонија.

Нејасно е исто така дали ќе може да се оди на море надвор од „туристичките коридори“ и како ќе изгледаат тие во реалноста. Според навестувањата досега, таков коридор би бил воспоставен за туристите од Чешка, Германија и Австрија до Хрватска или меѓу Австрија и Германија.

Со оглед на тоа дека тестовите ќе се прават дома, пред тргнување, тоа ќе отвори можност за корупција и многу злоупотреби, а прашање е и каква ќе биде нивната цена тогаш. Уште повеќе, вака замислено испаѓа дека само 1.300 македонски граѓани ќе можат да одат на летување во земји од Унијата (ако влеземе на тој список или коридор), а бидејќи тоа треба да важи и за европските државјани, тогаш нема да помогнат многу ни бугарските и други пасоши. Најавите од ЕУ се дека се подготвуваат мерките и дека до крајот на мај ќе се излезе со решение. Ако не се успее во тоа, земјите што живеат од туризам најавуваат дека билатерално ќе се договараат и ќе се отворат за туристи, при што оптимистичките најави од Грција се дека таму ќе може да се оди дури од јули.

Она што е куриозитет е дека, под услов да најдат начин како да отидат, македонските граѓани можат да летуваат на Малдиви и на Самоа во моментов. Овие земји не ги затворија своите граници, а единствен услов е да се има тест за здравствената состојба. Можно е влегувањето и во Филипини, Танзанија и во Замбија, но тоа оди во пакет со задолжителен карантин од 14 дена, и тоа не на државен туку на свој трошок.

Отворени за нас се и Иран (со тест за корна на аеродром), Мексико (но на хотелите не им е дозволено да примаат гости), Ирска (со 14 дена карантин), Камбоџа (со тест за корона вирус) и Етиопија (со 14 дена карантин). Македонците, ако најдат како, исто така можат да влезат во САД , кои воведоа рестрикции за повеќето ЕУ земји членкви и за Обединетото кралство, но не и за Македонија и за Бугарија, поради малиот број на заразени од корона вирусот.

Претходна статијаВо Струга месецов добиле само по 7000 денари плата, за следнио тешко дека ќа има и толку
Следна статијаОливера која над 20 години живее во Нов Зеланд за моменталната тамошна ситуација, но и можностите за работа