Само 7000 денари плата добиле вработените во Јавното претпријатие Комунално Струга за месец март. Ако се знае дека минималната плата е 14500 денари, тоа значи дека дел од вработените зеле само 50% од личниот доход, додека поголемиот дел само 30 до 40%.
Директорот,Иван Клечкароски вели дека ова се должи на лошата состојба во која се наоѓа претпријатието поради последните случувања со корона вирусот и слабата наплата која се движи помеѓу 18% и 22%.
„Успеавме да собереме средства во висина од 7000 денари за секој вработен.За месец март и очекуваме дека до после викендот основачот ќе ни помогне да обезбеди средства за останатиот дел од разликите.
Но останатите трошоци како што се горивото,резервните делови и останатите потрошувачки трошоци што произлегуваат од тековното работење ќе сме во еден сериозен дефицит“-изјави Иван Клечкароски, директор на Комунално Струга.
Но како што за сега стојат работите тешко е дека струшките комуналци ќе добијат плата за април.
„Просто се прашувам.И јас незнам како ќе излеземе од овој проблем, Тешко дека ќе поделиме плата за април или тоа ќе биде во лимитирана форма. Неблагодарно е да прогнозирам, но не очекувам некое поголемо раздвижување доколку не се отворат сите стопански субјекти на кои им вршевме услуга“-рече Иван Клечкароски, директор на Комунално Струга.
Во Охрид наплатата само за десет дена односно од 20 до 30 март е помала за 30%, но за сега таму нема проблеми со исплатата на плати.Директорот Грданоски вели ако се се појави потреба ќе подигнат банкарски кредит.
„Се уште го немам извештајот за месец април,но во разговор со одговорните во наплатнито центар,наплатата ќе биде падната за околу 40%. Цела среќа е што ние како менаџмент располагаме со резерви на средства кои ги чувавме и сега за сега успеваме и добро функционираме.
Мислам дека сме во добра кондиција да уште два месеци сигурно да го издрживме ова вакво темпо, меѓутоа ова е период кога ние почнувавме да прибираме поголеми приходи“-изјави,Љупчо Грданоски-директор на ЈП Охридски комуналец.
Целата сторија со видео прилог проследете ја на Алсат М.