Веста на денот пристига од Прилеп: Бабичка на 85 години се излечи од корона вирусот

0

Од Општа болница Прилеп преку својот профил на Фејсбук информираа за една убавав вест, во која се вели:

Инфективно одделение Општа болница Прилеп,со едуциран и докажан кадар,4инфектолози,медицински сестри и помошен персонал,постапувајќи по протоколот на Министерство за здравство и Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби,од почетокот на појава на вирусот на корона ги прегледува по предходно направена епидемиолошка анкета ,ги упатува на тест на корона и ги хоспитализира заболените но и суспектните на корона.

Отворен е и дополнителен пункт каде исто така се збринуваат пациенти со потполна нега и терапија во текот на 24 часа .Инфективно одделение е посветено до максимум во одговор на својата професија ,така што и денес се збринети во моментов 16 потврдени пациенти за корона и четири случаи во очекување на резултат.

Една пациентка денес на 85 години на општа радост е излекувана и по два негативни теста пуштена дома.Инфективно одделение располага со 49 болнички кревети и седум во адаптиран дел ,но сепак упатуваме апел до населението да се придржуваат на мерките на Владата заради себе и своите најблиски.

Денес имаме и причина за славење.Најстариот излекуван пациент од Covid 19 во нашето инфективно одделение.85 годишната Елена Макалоска пресреќна посака да се фотографира со дел од нашиот персонал .

Како што е познато вчера беа регистрирани 36 оздравени пациенти од КОВИД-19. а биле направени се 362 тестирања, потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 11, Куманово 2, Струга 1, Велес 3, Кавадарци 2, Гостивар 2, Неготино 1

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, а на починати е 71 лице. Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби по чинаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ по чинаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април.

Пред два дена по чина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на КОВИД-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

Претходна статијаМладата прилепчанка Христина со иновативен уред за социјална дистанца
Следна статијаИ вториот случај со Корона во Пехчево e медицинско лице: Доктор кој се вратил од пензија да помогне