Младата прилепчанка Христина со иновативен уред за социјална дистанца

0

Учениците во Кина се вратија на училиште по тримесечниот прекин поради пандемијата на коронавирусот, но мора да носат шапки со стреа од еден метар за да држат социјална дистанца.

На снимката се прикажани деца што носат рачно изработени шапки со продолжени стапчиња од двете страни за да останат на безбедно растојание од соучениците во училиштето, пренесува „Дејли мејл“.

Децата во Кина се вратија во училиштата кога поминаа повеќе од три месеци дома, додека земјата продолжува да ги отвора и олеснува патните забрани.

Идејата за шапки со стреа од еден метар ја постави основното училиште во Хангџоу во провинцијата Џеџанг во источна Кина.

За разлика од Кина, во Македонија едно младо девојче измисли нов изум за тоа како да се одржува социјална дистанца.

Поттикната од светската пандемија на корона вирусот и препораките за држење на растојание од минимум 2 метри помеѓу луѓето додека чекаат пред банките, маркетите или другите институции младата 17 годишна иноваторка од Прилеп, Христина Микулек, член на физичката секција при СОУ „Ѓорче Петров“ самата креираше т.н. covid distance апарат кој со помош на сензори свири или вибрира кога некој ќе се приблиќии поблиску од 2 метри.

„Ова е прекинувачот во кој има мали батерии. Има аларм за звучно предупредување, а овој дел тука е за вибрационо предупредување. Овој сензор пушта ултра звучни бранови, а другиот сензор реагира на истите, кои се одбиваат и се враќаат во него.

Внатре има ординонано контролер со мал софтвер кој го контролира целиот уред. Има прекинувач за да одбереме кој режим го сакаме, дали вибрационен или звучен и има штипка за да се постави на некој дел од облеката“, истакна Христина Микулек, млада иноваторка за Сител ТВ.

Овој уред прво бил наменет како сензор кој би бил поставуван на возилата како помош за паркирање со негово звучно сигнализирање, но со појавата на Ковид 19, Микулек него го пренаменила како апарат кој ќе ја детекрира близината на луѓето. Воопшто не бил скап, а според Микулек во иднина тој би можел и да се продава.

„Проектот се изработуваше околу 2 недели. Тешко е, не многу, но сепак е тешко. Проектот чини околу 300 денари, воопшто не е скап, но многу е ефикасен.

Во иднина би можел и да се продава. Имаме порачано и нови делови за да биде поефикасен проектот, но заради кризата се уште не се стигнати“, додаде Микулек.

Инаку Микулек е дел од тимот на ученици од Прилеп при СОУ „Ѓорче Петров“ кои досега имаат креирано неколку иновации, како смарт еко клупа која работи на соларни панели, проект за кој добија и награда од Фондот за иновациии, лежалка, лежалка на соларна енергија, корпа за отпадоци која работи на сензори и сигнален елек кој дава повеќе информации за оние кои возат велосипедисти, скутери, ролери и слично. И овој уред Миикулек планира да ги пријави во ФИТР.

Претходна статијаГруевски распали по Денко: Ако сме биле Бугари, зошто Бугарија не помогна со ништо во востанието во 1903 година
Следна статијаВеста на денот пристига од Прилеп: Бабичка на 85 години се излечи од корона вирусот