Максим: Денес дел од луѓето што беа на 27 април се трансформирале во нешто против што своевремено ние сме се бореле

0

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, доби кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, потврдија од МВР.

Кривичната следува откако претходно за случувањата во Куманово два вонредни инспекциски надзори правеше Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), а извештаите ги предаде во МВР.

Членот 206, за кој се однесува кривичната пријава за Димитриевски гласи: „Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“.

Кривичната пријава ја искоментира и Димитриевски преку социјалните мрежи посочувајќи дека станува збор за класична злоупотреба на инструментите на власт.

„Кривична пријава? Класична злоупотреба на инструментите на власта. Легитимна постапка со независни и непристрасни професионалци ќе ја покаже вистината. Навикнат сум на борба. И понатаму со ист интензитет заедно со истомислениците ќе продолжам да се борам. Во минатото се борев против режим.

Дали е на повидок нешто слично? Мојот приоритет во овие моменти е борба против епидемијата и здравјето на граѓаните. Правдата и вистината секогаш победува!“, напиша градоначалникот додавајќи „Нема правда, нема мир“.

„Вчера беше 27 април, три години од она што се случи во Собрание. За денеска да гледам дел од тие луѓе што беа со мене се трансформирале во нешто против што своевремено ние сме се бореле. Со поедини мои сопартици имам интензивна комуникација. Деновиве немам контактирано со господинот Зоран Заев“ изјави Максим Димитриевски за ТВ 24 и додаде:

„Јас верувам во правниот систем, она што поединиц ги злоупотребуваат своите службени обврски да креираат вакви случаи оставам на реалните професионалци да го докажат тоа бидејќи убеден сум дека државата ги има многу и ги охрабрувам да останат такви. Ќе изнајдеме начин да го деконтаминираме целиот систем од таквите кои дојдоа до одредени позици без одредени квалификации.

Претходна статијаНикола од Битола поради тоа што му сторила мечка ќе бара обештетување од државата
Следна статијаЧулев повторно против Филипче: Мајката и синот од Велес биле подолг период по чинати