Македонецот Марјан од карантин на брод: По 22 часа сум во кабина – почнуваш да губиш осет за време

0

Марјан Ѓичев наместо на работа на туристички брод завршил во карантин поради пандемијата со коронавирусот. Тој неколку пати досега работел на такви тури, но прв пат се соочува со ситуација кога на бродот има само персонал, но не и гости.

Ѓичев 22 часа поминува во неговата кабина и дозволена им е прошетка на палубата само 2 часа во текот на денот. Бродот плови по Тихиот океан, а турата требало да ја опфати Аљаска, Северна и Средна Америка, а да заврши во Австралија.

Ѓичев колку време сте во карантин на брод?

После некое време почнуваш да губиш осет за време, за деновите да ги броиш, од некаде 29-30 март.

Дали очекуваше дека вака ќе се одвиваат работите?

Воопшто не, оваа ситуација ескалира мошне брзо. Јас наваму веројатно дојдов со последниот авион, на 12 март, на 13 март се качив на бродот, дури тогаш за малку немаше да не качат, ќе не вратеа одма дома, ама среќа одлучија дека забраната на претседателот Трамп не е важи за Истанбул, па не качија на брод, и на 16 март компанијата сама одлучи дека ќе ги суспендираат сите крузирања и ги вративме гостите и од 16 март сме без гости.

Значи само персоналот е останат на бродот?

Да, од 16 март само персоналот е на бродот.

За колку луѓе станува збор?

На овој брод, средна класа, има околу 700-800 луѓе. Мислам дека стотина луѓе од Индонезија си отидоа дома, бидејќи компанијата организира чартер летови до секоја земја, така ги носат сите членови на екипажот.

Веќе неколку летови отидоа, уште неколку се закажани за дел од Европа, од Азија, дел од Африка, Северна и Јужна Америка, и ние сега чекаме да не известат кога ќе не носат нас.

Дали на бродот има заболени од коронавирус?

Секој ден имаме известување од капетанот, официјално според нивните кажувања има изолирано околу осум луѓе и таа бројка не се зголемува во овие 21 ден. Според новите правила во карантин треба да си 21 ден, а не 14 како што беше порано. И од тие осум луѓе со тестовите направени велат дека сега, засега нема заболени од коронавирус.

Како ти изгледа еден ден на брод во овие услови?

Станувам околу 6:30 или 15 до 7, односно не будат, ни носат доручек, бидејќи си изолиран секој оброк ти го носат до соба, па пијам кафе, малку гледам низ прозор, да видам малку утро, малку сонце.

Околу 9 и 45 ни се јавува круз директорот преку разглас ни кажува дека имаме еден час за шетање, да прошетаме малку надвор на свеж воздух и сонце. Во 11 часот ни мерат температура да видат дали некој има температура над 37 степени.

Ако некој има над 37 степени температура го изолираат на посебен кат во црвена зона, каде што има луѓе со температура. Потоа се враќам во кабина, зборувам со блиску луѓе, околу 3 часот пак имаме еден час слободно за шетање.

Во 5 пак ни мерат температура, во 7 часот круз директорот ни подготвува игра преку разглас – Погодија ја мелодијата, погоди ја славната личност итн., потоа капетанот ни зборува, ни кажуваа ако некој не е добро, ако сакате да зборувате со некого, слободно зборувајте со нас, со вашиот менаџер, со одделот за човечки ресурси, вежбајте, читајте книги, гледајте телевизија, буквално цело време, цел ден има соопштенија.

Целата сториа со видео прилог проследете ја на Радио Слободна Европа

Претходна статијаОд Германија пристигнаа одлични вести за сите оние кои имаат бугарски пасош
Следна статијаПоранешниот македонски пејач кој ја остави кариерата и замина во САД сподели убава вест