Михаил решил да замине за Германија, па веќе една седмица живее на аеродромот во Франкфурт

0

Рускиот студент Михаил Новосиолов, кој решил да одлета за Германија и покрај пандемијата на коронавирус, сега живее на аеродромот во Франкфурт, исто како ликот кој го играше Том Хенкс во филмот „Терминал“. И тој не сака да се врати во Русија.

Михаил Новосиолов сака да студира во Берлин, но му е забранет влез во Германија, како единствен непланиран патник од Москва. Сега 23-годишникот со денови живее во транзитната област на аеродромот во Франкфурт. Во моментов нема закажани летови за Русија.

Младиот Русин сакал да дипломира на универзитетот Хумболт во Берлин преку размена на студенти. На 17 април, само неколку дена пред почетокот на семестарот, тој пристигнал во Франкфурт со посебен лет со уште 133 Руси кои живееле во Германија, кои всушност биле евакуирани од Русија, пренесува Дојче веле.

Според граничната полиција во Франкфурт, Михаил не успеал да докаже дека има „итна, неопходна причина за влез во земјата.“ Од 17 март, поради глобалната пандемија во земјите на Европската унија е забранет влез на државјани од трети земји.

Михаил инаку студира социологија во сибирскиот град Томск. За него, ова била „последна шанса за еден семестар во странство“, вели тој за ДВ. По студирањето во Русија, што има намера наскоро да го заврши , ќе биде предоцна, вели Михаил.

Тој полетал за Германија пред еден месец и му било забрането да влегува во земјата со образложение дека нема живеалиште во Германија, раскажува рускиот студент, додавајќи дека тој веќе имал „гаранција“ дека ќе добие соба во студентски дом. Администрацијата на универзитетот, тврди тој, само го чекала неговиот потпис на договорот за изнајмување соба.

Федералната полиција објаснува дека забраната за влез на случајот со рускиот студент е дека престојот на Новосиолов во Германија „сериозно ќе го загрози фундаменталниот интерес и јавното здравство“ во Германија.

По шокот од оваа вест, Михаил започна да се прилагодува на животот во транзитната зона. Му помагал еден вработен во Луфтханза. Така, тој добил кревет на склопување. Сега тој спие во транзитната зона, а персоналот на аеродромот го снабдува со потребни работи.

Тие дури ме прашуваат што сакам да јадам и дали имам алергии, вели Михаил. Му дале и жетони за да може да се истушира ​​во тушевите на аеродромот. Тој сеуште не го добил багажот.

Михаил поголемиот дел од времето го поминувал шетајќи низ невообичаено празните холови на аеродромот во Франкфурт. Понекогаш разговара со други патници кои останале на пат во време на пандемија. Меѓу нив биле и тројца Бугари на кои исто така им било забрането да влезат во Германија.

Германската полиција му го одзела пасошот и му издале привремен документ, таканаречен „транзитен пасош“, вели рускиот студент.

Михаил сега мора да почека за лет кон Москва , а не знае колку време ќе треба да помине во Франкфурт. Вели дека германските власти размислуваат да го испратат на авион што летал кон белоруската престолнина Минск. И оттаму, тој треба да продолжи кон Москва. Но, Михаил стравува од ова сценарио.

Не е јасно дали ќе бидам таму во карантин и како ќе стигнам во Русија, границите се затворени, вели тој.

Михаил сè уште се надева дека ќе остане во Германија. Сè уште се обидува да го регистрира својот престој во Берлин преку интернет. Смета дека тоа би било добар аргумент за германската полиција да му дозволи на крајот да остане во Германија. Покрај тоа, еден адвокат, препорачан од неговите познаници , во моментов го испитува случајот со рускиот студент.

Претходна статијаОливер Спасовски проговори за односот со Максим Димитриевски: Да ги оставиме шпекулациите за оние кои немаат со што друго да се занимаваат
Следна статијаДодека светот го прежали, Ким Џонг-Ун денес се огласи со писмо до нацијата