Доктор Лазаров: Не ни бевме свесни во што влегувавме, но успеавме а тек ќе не гледате

0

Статус на доктор Ненад Лазаров:

Ова вечерва беше и последната сериозна турнеја возенка за достава на бесплатни визири по Македонија од нас лично.
Остануваат ситни празнини кои најитно ќе ги покриеме со карго уште во Понеделник.

Првата линија на здравство и МВР ја обезбедивме во рекордно време и покрај сите пречки!

Во позадина т. е. паралено, на големо ги произведуваме илјадниците визири донација кои ги ветивме за сите државни служби, секој изложен!

Ќе ги донираме на институциите на системот директно во илјадници парчиња, кои подоцна согласно потребите ќе ги дистрибуираат секаде потребно самите институции.

Ќе донираме илјадници и за земјите од околината, помагаме како нација на братски народи во тешки времиња!

Институтот за 3D Медицински принт е безмалку готов и пред физичка реализација! Каква екипа, сите ресурси, биде гордост на земјава!

Завршуваме за некој ден, и лично за себе ќе кажам, морам веднаш да отспијам неколку часа зошто чувствувам безмалку целосен психофизички колапс.

И ми фали фамилијата и блиските, особено Петар што не го гледав со денови!Се надевам дека барем еден медицинар ќе биде спасен од визирите, зошто жртвувавме се да успее акцијава!

Не ни бевме свесни во што влегувавме, но успеавме а тек ќе не гледате, вредеше секоја непреспиена ноќ, повеќе од 4 недели во континуитет, и за некој ден ова го завршуваме грандиозно, со срце и цела душа!

Каре ќе ја спушти завесата исто ко што ја крена,без себепромоција, без профитерство и без помпа, тихо и скромно.

n. b. на изборни листи нема да не има.

Претходна статијаСледува пакетот на нови правила за летање – патувањето со авион повеќе нема да биде исто
Следна статијаОливер Спасовски проговори за односот со Максим Димитриевски: Да ги оставиме шпекулациите за оние кои немаат со што друго да се занимаваат