Еден од главните јунаци на серијата „Јужен ветар“, Милош Биковиќна својот инстаграм-профил по емитувањето на последната епизода од првата сезона се вклучи во живо.
Со оглед на тоа што серијата е гледана во целиот регион, она што сите фанови ги интересираше е кога ќе има нови епизоди и кога да ја очекуваат втората сезона.
Сите се прашувате кога ќе има нови епизоди. Можам да ви кажам дека штом ќе помине ситуацијата со короната, ќе продолжиме со снимање”, рече Биковиќ, па додаде:
Третиот дел ќе се снима летово, а се надевам дека се’ ќе биде готово до февруари. Серијата доаѓа по филмот и втората сезона исто така ќе има 10 епизоди. Вчера го прочитав сценариото и, воодушевен сум”, рече Милош Биковиќ.
Актерот Милош Биковиќ, покрај во Србија, огромна популарност ужива и во Русија, а според пишувањето на руските медиуми, Биковиќ за само еден ден заработува вртоглава сума на пари.
Милош е прв на листата на најплатени актери во Русија, со тоа што ги престигна милениците на жените Александар Петров и Данило Козловски, пренесуваат руските медиуми.
Нивните хонорари минатата година забележаа пад, а по филмот „Слуга“, Биковиќ влезе во историјата на руската кинематографија.
За еден ден снимање на сетот за филмот „Слуга“ Биковиќ заработуваше по 420.000 рубли, односно околу 5.200 евра, пренесува рускиот портал 5-ТВ.ру.