Како што е познато лидерите на најголемите политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски беа во изолација откако е беше утврдено дека имале интервју со новинар кој во меѓувреме добил позитивен тест на коронавирус.
Тогаш информациите ги сподели со јавноста министерот за здравство Венко Филипче на вонредна прес-конференција изутринава.
Новинарот што неодамна правел интервју со двајцата лидери беше во болницата „8 Септември“ во стабилна состојба на лекување.
Како лидерот на СДСМ, така и лидерот на ВМРО ДПМНЕ беа тестирани на Корона вирусот и нивните резултати беа негативни.
Денес од телевизијата Канал 5 чиј новинар беше заболен ги споделија најновите информации со јавноста за нивните вработени
„Канал 5“ соопшти дека главниот и одговорен уредник на телевизијата Гоце Михајловски кој е заболен од ковид-19 од минатиот викенд е пуштен на домашно лекување и е во добра здравствена состојба.
Дополнително, осумина колеги на Михајловски кои беа во домашна изолација упатени од Државниот здравствен санитарен инспекторат имаат негативни резултати на тестот за ковид-19.
Канал 5 ТВ му посакува на колегата Михајлоски што поскоро враќање на работа и истовремено им се заблагодарува на сите добронамерни колеги од другите медиуми кои сочуствуваа со несаканиот здравствен проблем – Ковид 19.