Доктор Урим од Инфективната во Скопје: Во еден ист миг се испреплетуваат стравот, неизвесноста, тагата заради изгубена битка, но и храброста

0

Како ширум светот, така и во Македонија актуелна е пандемијата со Корона вирусот. Централна болница каде се лекуваат најтешките заболени во Македонија е Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

На докторите Инфектолози има помош и од други доктори специалисти од другите клиники, а од Лекарската комора на Македонија споделија интервју со еден лекар:

Потребата за помош на колегите инфектолози ме однесе таму каде што во еден ист миг се испреплетуваат стравот, неизвесноста, тагата заради изгубена битка, но и храброста, среќата и непоколебливоста за продолжување на борбата кога е спасен еден живот.

Токму тука на Клиниката за инфективни болести, во ова чудо од време, се соочуваш со најчовечкиот чин, кој впрочем те исполнува со исконска љубов кон професијата.

Иако на прв поглед нашиот придонес е можеби скромен, задоволството е огромно да се биде дел од тимот кој најнепосредно и непоштедно се бори за животите на најтешко погодените со COVID19 инфекција.

Кооперативноста на сите колеги, како и крајно професионалниот однос на раководството, директорката на клиниката д-р Милена Стевановиќ и координаторот д-р Илир Демири, се за восхит.

Свесен за големината и епохалните размери на пандемијата, сигурен сум дека времето кое актуелно го живееме ќе остави длабоки траги во нашата колективна меморија.

Несомнено оваа бура ќе помине, ние ќе излеземе победници, но во помирни времиња, кога сите ќе се вратиме на нашите вообичаени обврски, секој во својата специјалност, често ќе се навраќаме и сеќаваме на “времето на COVID-19”. Се надевам дека во таквите моменти, соочувањето со мојата лична професионална совест ќе биде полесно.

д-р Урим Исахи, субспецијалист гастроентерохепатолог, Kлиника за ГЕХ (во момоентов на испомош на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби).

Претходна статијаЛоши вести за оние што планират да се преселат во САД по новиот потпис на Трамп
Следна статијаИ Германија ја воведува истата мерка што стапи на сила и во Македонија