Филипче најави добри вести: Полицискиот час значајно се скратува

0

Денес првпат по подолго време е едноцифена бројката на нови случаи на ковид-19 во земјава. Во последното деноноќие се регистрирани седум нови случаи од 207 направени тестови.

Седум нови случаи на ковид-19 се регистрирани во земјава во последното деноноќие, што е најмала бројка по подолго време, со оглед на досегашните трендови кога бројките во дневните билтени, главно, беа двоцифрени, а еднаш надминаа е сто. Исто така, бројката на нови излекувани пациенти е околу 3,5 пати поголема од бројката на ново заболени.

Од Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови.

Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје и во Дебар по четворица, во Струмица и во Куманово по еден, во Штип, Прилеп и во Тетово по тројца и петмина во Кочани.

Од седум нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа, по два се во Куманово и во Кочани и три во Тетово. Во изминатото деноноќие направени се 207 теста, a досега во земјата се направени вкупно 12 340 тестирања на ковид -19, соопштија од Министерството за здравство.

Министерот за здравство, Венко Филипче денес ја одржа својата редовна прес-конференција, повторно од дома откако е во самоизолација. Првиот човек на нашето здравство ги кажа најновите вести поврзани со корона вирусот.

„Сакам да информирам за случајот на мајка и синот од Велес за кој што стигнаа резултатите од судска медицина. Резултатите кој што ги добија докторите од судска медицина укажуваат дека смр та настапила пред 3 до 5 недели откако беа пронајдени. Тоа е во  текот на март, а не како што беше кажано иницијално во јануари“.

„Нашата земја успешно се справува, имаме линеарен број пациенит, капацитетите болнички воопшто не се оптеретени. Нашата првична стратегија добро функционира и дава резултати. Сакам да изразам голема благодарност до граѓните кои ги почитуваа мерките и еве очигледно се постигнуваат резултати. Но мерките мора да останат на сила се додека не сме сигурну дека сме ја надминале опасноста.

Доставени се предлог измени за мерките но и нови мерки за лична заштита. Предлог е полицисчки час секој ден да започнува од 19 часот наместо од 16 како што беше сега. За возрасните граѓани да продолжи од 8 до 12 на пладне. За младите до 18 години да биде од 13 до 16 часот. Предлог за викенд е полицискиот час да започне од  13 часот во сабота до понеделник до 5 часот.

Нови мерки за лична заштита, мора да имат заштита на лицето во затворена дистанца,  како и надвор доколку не може да се почитува дистанца од 2 метри, на пример за пазарите.

Претходна статијаДржава во која има многу македонски студенти ќе дава по 150 евра на секој студент
Следна статијаБојко Борисов повторно пушти срце: Откако ги награди докторите, сега со бонус од по 300 евра за полицајците