Главната ѕвезда Милош Биковиќ откри кога да ја очекуваме втората сезона од „Јужни Ветар“

0

Јужни Ветар е серија која ќе ве остави без здив и буквално ќе ја изгледате во еден ден. Прво што треба да погледнете е филмот, а потоа да продолжите со првата сезона.

Главен лик во серијата е Милош Биковиќ, или како што многумина го нарекуваат балкански Леонардо Дикпарио. Се случува во Србија и ја прикажува мафијата на овие простори и нивната суровост, и вмешаноста на државата како клучен фактор кај сите нив. Ремек дело, кое може да се носи со светски познатите серии Наркос и други.

Јужен ветер е српска ТВ серија од 2020 година. Актерот и ко-продуцент на серијалот, Милош Биковиќ, на РТС Сареница на 7 јануари 2020 година, потврди дека серијата започнува да се емитува на 19 јануари во 20 часот во недела. Првите четири епизоди се од хит филмот кој беше снимен во 2018 година со истото име.

Оваа серија е продолжение на сагата „Јужен ветер“ што се емитуваше од 16 февруари до 19 април 2020 година на првата програма на РТС. Се најавува втора сезона од серијата за есен 2021 година.

Серијата Јужен ветер го прикажува современиот Белград преку визијата за одреден дел од населението. Станува збор за полу-свет, членови на т.н. „Подземјето“ кое ја раскажува една, прво и основно, вистинската приказна за серија неуспеси на „мал“ човек во сурова околина. Ова, велат тие, е поучна приказна упатена до младите во Србија, раскажана преку испреплетените судбини на своите врсници и сите оние кои, во желба за подобар живот, направиле погрешен избор.

Заплетот на серијата започнува таму каде што завршува првиот дел од филмот, односно го следи животот на младиот криминалец Петар Мараш зад решетки. И вистинската драма доаѓа кога протагонистот ја зграпчува слободата.

Во серијата има многу заплети, кои во секоја нова епизода се повеќе ги воодушевуваат гледачите пред малите екрани.Петар Мараш, со својата храброст и мудрост се справува со сите препреки кои му ги носи секој нов ден.

Еден од главните јунаци на серијата „Јужен ветар“, Милош Биковиќ вчера на својот инстаграм-профил по емитувањето на последната епизода од првата сезона се вклучи во живо.

Со оглед на тоа што серијата е гледана во целиот регион, она што сите фанови ги интересираше е кога ќе има нови епизоди и кога да ја очекуваат втората сезона.

Сите се прашувате кога ќе има нови епизоди. Можам да ви кажам дека штом ќе помине ситуацијата со короната, ќе продолжиме со снимање”, рече Биковиќ, па додаде:

Третиот дел ќе се снима летово, а се надевам дека се’ ќе биде готово до февруари. Серијата доаѓа по филмот и втората сезона исто така ќе има 10 епизоди. Вчера го прочитав сценариото и, воодушевен сум”, рече Милош Биковиќ.

Претходна статијаДоктор Беќаровски кажа зошто старите над 67 и помладите од 18 треба да имаат по уште два часа во денот за движење
Следна статијаПремиерот Спасовски утрово се огласи – Веста што ни дава дополнителна мотивација