Дали ќе важи и за Македонците: Во Германија познато кој ќе го плаќа лекувањето од Корона за странците

0

Германија се подготвува за нова фаза во борбата против епидемијата на коронавирусот, при што на некои бизниси сега им е дозволено да работат по едномесечен прекин, јави ДПА.

Се отвораат мали и средни продавници со површина помала од 800 метри квадратни, иако 16-те покраини имаат различни правила за враќање на работа.

Дилерите на автомобили и на велосипеди и книжарниците исто така ќе можат да продолжат со работа. Во некои провинции зоолошките градини се исто така на оваа листа.

Училиштата ќе бидат отворени за дел од учениците кои полагаат или се подготвуваат за испити во Саксонија, Берлин и Бранденбург. Другите провинции треба да ги отворат училиштата подоцна оваа недела или почетокот на мај. Дебатата за грижата за помалите деца продолжува. Се очекува денеска да се одржи состанок на работната група на која ќе се разговара за постепеното обновување на работата на јаслите и градинките во државата.

Германија планира да ги преземе трошоците за лекување на тешко заболените пациенти од вирусот Ковид-19 од ЕУ, најави министерот за здравство Јенс Шпан.

– Европа мора да биде обединета во период на криза, порача Шпан во писмена изјава за ЗДФ.

Во германските болници во моментов има повеќе од 200 тешко болни пациенти од други земји на ЕУ.Шпан истакна дека Германија е во состојба и подготвена да прими уште пациенти и во моментов има барање за дополнителни 40 пациенти.

– Ова е нашето разбирање за европската солидарност, истакна Шпан.

Министерството процени дека трошоците за лекување може да изнесуваат околу 20 милиони евра.

Инаку, станува збор пред се за пациенти од Германија, Италија и Холандија.Шпан исто така рече дека очекува правилата за физичка дистанца и за хигиената да останат во функција долго време.

– Сè додека не се појави вакцина, ќе мора да бидеме внимателни, порача Шпан.

Иако не е точно прецизирано, но ако се суди според објавата, сепак се чини за Македонците ова нема да важи.

Претходна статијаКритериумите се заоструваат: Потешко од било кога до германско државјанство
Следна статијаНашите соседи повторно негодуваат за еден од најдобрите македонски филмови