Филипче откри дека сам, без семејството ќе го помине Велигден: Да се биде дома значи да се направи разлика

0

Како што информираше претходно Министерството за здравство, во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-22,Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117. Изминатите 24 се направени 437 теста со што досега се доаѓа до бројката од 10859

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби по чинаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот по чинал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

„Во домот за геријатрија во Ѓорче Петров, има дијастигноцирана вработена хигиеничарка. Таа имала покачена телесна температура, направен тест и истиот е позитивен, направена епидемомилошка анкета, дел од колешките, колегите се веќе во самоизолација.

Имајќи во предвид дека домовите за стари лица се едни од можните жаришта, и треба да се пристапи со висока доза на внимателност. Поголемиот дел од тие стари лица се неподвижни, практично сите со хронични болести, и идната недела ќе пристапиме со серолошко тестирање на домовите за стари лица низ земјата“, рече Филипче.

„Сите хоспитализирани во Куманово од Корона вирусот се префрлени на Инфекитинвата клиника во Скопје. Во Куманово на инфективно оделени ќе се прави тријажа и проценка, а потоа во кординација ќе се прави проценка дали ќе бидат упатувани во Скопје или ќе останат во Куманово“, изјави Филипче и додаде:

„И јас за да ги заштитам моите најблиски решив Велигден да го поминам сам, без моето семејство. Да се биде дома значи да се направи разлика, да се спасат човечки животи. Сакам да упатам голема благодарност до сите кои се на работа и служат на граѓаните“.

Претходна статијаКаракамишева: Срам да ви е што сторивте од златна држава,од Македонскиот народ, од македонскиот јазик
Следна статија„Визер“ со важно соопштение за сите патници од и до Македонија