Каракамишева: Срам да ви е што сторивте од златна држава,од Македонскиот народ, од македонскиот јазик

0

МКД.мк објавува изјава на официјална Софија во врска со заклучоците на Советот на ЕУ, во која се условува одржувањето на меѓувладината конференција, а министерот Димитров изјавил за порталот дека вакви условувања се косат со европските вредности.

Македонија ќе мора да заборави на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, ќе мора да заборави на „македонски јазик“ и да употребува само „службен јазик на РСМ“, ќе мора брзо да ја заврши работата со експертската Комисија за историските прашања… ако сака да продолжи со преговорите за интеграција со ЕУ.

Ова, како што јавува МКД.мк, се делови од изјава на Бугарија во врска со усвојувањето на заклучоците на Советот на ЕУ за проширување, с

Во разговор за МКД.мк, министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека „никогаш нема да прифатиме вметнување на антиевропски билатерални услови што навлегуваат во македонскиот идентитет во преговарачката рамка за пристапување кон европското семејство“.

Оваа изјава на Бугарија што ја објавува МКД.мк, станала дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и одлуката за почеток на преговори за Македонија и Албанија.

Со ова Бугарија го условува усвојувањето на преговарачката рамка од што зависи одржувањето на првата меѓувладина конференција за Македонија и за Албанија.

Бугарија во оваа изјава, како што се пренесува, повикува на доследно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и укажува на „неговата важност во отворањето на патот кон европска и евроатлантска интеграција на втората страна“.

Во изјавата во воведните напомени се наведува дека спроведувањето на Договорот во голема мера е блокирано од ноември 2019 година, поради „едностраната одлука на Северна Македонија да го суспендира на неодредено време учеството во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и едукативни прашања, формирана според чл. 8. 2. од Договорот“.

Со своја реакција и коментар на сето ова на социјалните мрежи се огласи професорката Тања Каракамишева и го напиша следново:

Кога еднаш ќе се ставиш на продажба,готово е со тебе!Срам да ви е, срам да ви е што сторивте од златна држава,од Македонскиот народ, од македонскиот јазик.

Никогаш нема да ви биде простено од мене! Не обезличивте, не уништивте ама Македонците ќе ве казнат!

Кога еднаш ќе се ставиш на продажба,готово е со тебе! Срам да ви е, срам да ви е што сторивте од златна држава,од…

Публикувахте от Тања Каракамишева в Петък, 17 април 2020 г.

Претходна статијаВенко Филипче се огласи и испрати порака до секој што седи дома – секој од вас е херој
Следна статијаФилипче откри дека сам, без семејството ќе го помине Велигден: Да се биде дома значи да се направи разлика