Докторот Беким: Имаме пациенти кои се обидуваат да ги скријат симптомите, пијат парацетамол

0

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби по чинаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден по чинат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117.

Најмалку 10 лица се позитивни на Ковид 19 во општина Боговиње. До зголемување на бројката дојде по појавата на вирусот во една приватна ординација каде бил заразен еден лекар.

По потврдување на случајот Здравствениот инспекторат во карантин смести 156 лица кои биле во ординацијата во текот на неделата. Истите 14 дена треба да поминат дома. Новонастанатата ситуација ги загрижи жителите на Боговиње и бараат да се направат тестирања.

“Малку сме загрижени. Ова стана тешко, не можеме да се движиме и да одиме на работа. Добро е што поскоро да се тестираат за да се знае состојбата“.

“Треба да се плашиме затоа што е смртоносен. За плашење е, ние не можеме да го запреме“.

“Доста не загрижи, но што да правиме. Треба да се чуваме како што се чуваме од кал и од вода, и од ова треба да се чуваме“, рекоа жителите.

Лекарите алармираат да не се кријат симптомите затоа што криењето на симптомите доведува до ваква ситуација како што е во Боговиње.

“Вистина е дека имаме пациенти кои се обидуваат да ги скријат симптомите. Има случаи кога пациентите имаат температура и пред да дојдат во ординација користат парацетамол знаејќи дека ја намалува температурата и кога ние мериме, нема температура.

Аплираме да не се кријат симптомите, па и ако сме заразени со Ковид 19, треба да знаеме дека и тоа поминува. Треба да се пријават симптомите затоа што секој од нас може да биде извор на инфекција“, вели Беким Исмаили, општ лекар за Алсат М.

Претходна статијаПензионерката Дајана за само еден ден се збогатила со 8.5 милиони долари
Следна статијаВенко Филипче се огласи и испрати порака до секој што седи дома – секој од вас е херој