Филипче: Влегуваме во најкритичната фаза со Корона вирусот – ве молам поминете го празникот дома

0

Како што информираше Министерот за здравство во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19, а направени се вкупно 660 тестови.

Нови дијагностицирани според градови: Скопје – 28, Куманово -44, Дебар – 2, Штип – 1,Прилеп – 11,Тетово – 5,Струга – 1,Велес -4,Битола – 6,Кавадарци -1,Гостивар – 2,Кочани -1, Кичево -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. На Клиниката почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.

Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти. Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.

Министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашната прес конференција рече дека не биле инфромирани дека дел од членовите на Кризниот штаб на Куманово, вклучително и градоначалникот, чекале резулатите за корона вирус.

-Ние немавме информации дека на дел од Кризниот штаб им биле земени брисеви и се чекаат резултати. Да го знаевме тоа, поинаку ќе постапевме. Сепак, знаејќи дека одиме во таков регион, сите носевме маски. А, зошто не сме биле известени, одговорот треба да го барате од присутните таму, рече Филипче.

Навистина апелриам до граѓаните, овој празник може да се помине дома, ова е инвестицијата во здравјето. Сакаме да избегнеме нов пик за 14. Апелирам да се почитуваат мерките и да се ограничат социјалните контакти. Влегуваме во најкритичната фаза во борбата со Корона вирусот. Ве молам поминете го празникот дома

Претходна статијаЗоран Заев денес по втор пат се тестирал за Корона вирус – лично го објави резултатот
Следна статијаВелигден каков што не паметиме до сега: Започнаа најдолгите 85 часа во историјата на нашата држава