Зоран Заев денес по втор пат се тестирал за Корона вирус – лично го објави резултатот

0

Екс премиерот и актуелен лидер на СДСМ, Зоран Заев кој е во домашна самоизолација откако беше на интервју со новинар кој има Корона вирус денес на своие профили на социјалните мрежи напиша:

За да продолжи ефикасното справување со кризата, потребна е одлука за вонредна состојба. Во ситуација кога Собранието е распуштено, Владата, преку механизмите што ги има на располагање и преку уредби со законска сила ќе може навремено и темелно да реагира, како досега.

Ценам дека Владата покажа одговорно однесување во вонредната состојба носејќи мерки и уредби исклучиво во интерес на граѓаните и справување со состојбите. Токму вонредната состојба даде можност за спроведување на брзи и ефикасни мерки во насока на спречување на ширење на коронавирусот, заштита на здравјето и справување со економските последици.

Да не заборавиме – ова е борба за највредното, човечкиот живот. Справувањето со коронавирусот бара сериозна посветеност од институциите, но и од нас како поединци. Да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките и задолженијата од надлежните институции и на тој начин секој од нас да придонесе за побрзо надминување на заканата што ја носи коронавирусот.

Попладнево, Заев откри дека повторно бил тестиран и ги соопшти резултатите:

Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен.

Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.

Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови.

Овој вирус покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.

Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите.Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот.

Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател.

Претходна статијаДенис Јанкуловски: Седењето дома е само со една цел – Да можете и догодина пак да кажете Честит Велигден
Следна статијаФилипче: Влегуваме во најкритичната фаза со Корона вирусот – ве молам поминете го празникот дома