Попот Ивица Тодоров повикува во сабота пред полноќ сите да излезат со свеќи во рака на терасите и во дворовите

0

Како што е познато викендот ни претстои еден од најголемите верски празници, Велигден кој по многу нешта ќе се разликува. Презвитерот Ивица Тодоров на својот профил на социјалните мрежи го напиша следниот пост:

,,На Велика Сабота, 18 април 2020 – од 23 часот и 45 минути до 00 часот и 15 минути, Недела, во времето кога радосно го ЗАСВЕДОЧУВАМЕ ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, на нашите балкони, во нашите дворови, со свеќа во рака – како симбол на светлината, животот и победата над смртта – и со радосно пеење на тропарот на Воскресението (може да го пуштите и на некој музички уред) СИТЕ заедно да засведочиме дека живееме во и со радоста на ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО!

Но, и да не заборавиме, како ученици и следбеници Христови, дека во овие збунувачки и тешки времиња особено е потребно нашата љубов кон Господа да ја сведочиме и кон нашите ближни, особено кон оние кои се на првата линија на борба против епидемијата – медицинските лица, полицајците, продавачите, снабдувачите, но и кон сиромашните, старите, осамените и КОН СИТЕ оние кои се гладни и жедни за љубов, внимание, помош, потткрепа!

И пандемијата, како и секој предизвик и искушение до сега, ќе помине, ама по неа ќе останат ДОБРИТЕ, но и оние, не баш добри дела!

Да, добрите дела и добрите луѓе ќе ги паметиме, затоа што ни се пример како се љуби, но и се бори за животот дарен од Творецот!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА и на сите ни покажа и докажа дека животот во овој свет има и смисла и цел и вредност и вечност! Но, во вистинската смисла и цел и вредност и вечност се влегува само со духовно разбудена, очистена, преобразена и ољубовена личност!

Бог не суди по надворешноста, туку според внатрешноста, а баш времињата исполенти со предизвици и искушенија се најдобра проверка за тоа каква е нашата внатрешност, нашите мисли, чувства, вредности, дела, живот!

На Велика Сабота, 18 април 2020 – од 23 часот и 45 минути до 00 часот и 15 минути, Недела, во времето кога радосно го ЗАСВЕДОЧУВАМЕ ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, на нашите балкони, во нашите дворови, со свеќа во рака – како симбол на светлината, животот и победата над смртта – и со радосно пеење на тропарот на Воскресението (може да го пуштите и на некој музички уред) СИТЕ заедно да засведочиме дека живееме во и со радоста на ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО!

ЦЕЛО СКОПЈЕ во светлината на ВОСКРЕСЕНИЕТО! „ДОДОМА“ – Движење за организирана духовна обнова на Македонија”

Претходна статијаСе смирува ситуацијата во омилената држава за македонските туристи – четврти ден паѓа бројот на заразени од Корона во Грција
Следна статијаДоктор Боби од Битола до Венко: Нема да се помирам и да ја прифатам оваа лакрдија – слободно казнувајте ме колку сакате