Енес Дедиќ е Босанец кој живее во Феникс, е еден од првите пациенти кои биле заразени со коронавирус кој преживеал после поинаков вид на лекување и тоа после тешка состојба додека бил на респиратор.
Тоа бил посебен момент и за неговата сопруга Оливера и за лекарите кои овој момент го доживеале со солзи во очите, по неколку недели желби и чекање.
„Би сакала да ве гушнам. Без вас, мојот сопруг не би бил жив денес. Многу ви благодарам, многу ми значите”, им порачала Оливера на лекарите.
Дедиќ се врати од погребот на неговата мајка во БиХ и по неколку дена благи симптоми почувствувал дека нешто не е во ред.
„На 15 март, тој ме разбуди и ми рече дека не може да дише, дека морам да го одведам во брза помош“, објасни Оливер.
Тестовите покажале дека бил позитивен на коронавирус. Набрзо лекарите решиле дека Енес мора да биде на респиратор, но два дена подоцна работите не изгледале како што треба.
„Јас се тресев на секој телефонски повик од болницата“, вели Оливера.
Здравјето на нејзиниот сопруг се влошувало и лекарите го пренеле во медицинскиот центар Џон Ц. Линколн. Тогаш тие пробале нешто сосема неочекувано за да видат дали можат да го спасат.
„ЕКМО е прилично ретка услуга што ја нудиме. Кога не останува ништо друго за да спасиме пациент, тогаш го правиме тоа“, рекол д-р Роберт Рајли.
ЕКМО машината ја отстранува крвта од телото на пациентот, вбризгува кислород во неа, а потоа ја враќа во телото за да им помогне на белите дробови и срцето. Енес десет дена бил во кома, на машината ЕКМО, и се разбудил на 11. ден. Тој со сопругата Оливера бил во можност да комуницира преку апликацијата FaceTime, која не можела да го види, но тоа бил единствениот начин.
„Првиот пат кога го видов беше навистина тешко, навистина тешко“, рекла таа со солзи во очите.
Не само што Енес е првиот коронавирус кој преживеал благодарение на третманот со ЕКМО во Аризона, тој исто така е еден од првите во светот. Од понеделникот, тој дише самостојно и е и’ фицијално негативен на коронавирус