Македонските студенти од Турција сакаaт да се вратат дома: Сведочат за тамошната ситуација

0

Ибадете Челеби е од Скопје, а пред три месеци ги почнала студиите во Турција. Поради кризата со Ковид-19, не држат предавања, а сака да се врати во нејзината татковина каде ќе се чувствува побезбедно.

„Бројката постојано се зголемува и нормално дека се зголемува и чувството на несигурност, не е како во Македонија каде се може да се контролира, овде доколку продолжува да се зголеми бројката, состојбата ќе биде многу по лоша од тоа колку е сега.“, рече Челеби.

Ибадете за ТВ21 вели дека се уште не и е регулиран престојот во Турција, а додава дека повеќето од странските студенти веќе се вратиле во нивните земји, и дека таму останале само студентите од Северна Македонија.

„Ситуацијата многу влијаеше врз нас бидејќи скоро 1 месец и нешто се обидуваме да се вратиме во татковина но не добиваме никаква вест од надлежните органи. Ни велат дека сме на списокот. Ние сме над 100 студенти кои сакаме да се вратиме, но немаме никаква информација.“, рече Челеби.

Всушност бројот на студенти кои сакаат да се враќаат во земјата е многу поголем вели Мухаммед Тахири кој ја подготвува листата со имињата на тие кои сакаат да се вратат во земјата.

„Моментално имаме над 250 имиња на студенти од разни градови во Турција кои сакат да се врата во нивната татковина. Тоа го доставивме и до Амбасадата и конзулатот во Истанбул, но и до МНР преку маил, и само што почнавме со организација колку толку во координација и со нив.“, вели Тахири.

МНР потврди дека над 200 студенти се интересирани за репатријација, а главниот мотив е неможноста да се предвиди кога ќе почне образовниот провес во Турција, а најголем дел од студентите се таму со самофинансирање.

„Согласно одлуката на Кризниот штаб на Владата, Министерството за надворешни работи веќе презема соодветни активности за враќање на сите заинтересирани студенти од Турција во земјата.

Во моментот, Амбасадата во Анкара и Генералниот Конзулат работат на комуникација со студентите и финализација на списоците. Се очекува целата операција да заврши во следните неколку дена.“, соопштуваат од МНР.

Од МНР велат дека и за студентите важат истите услови за репатријација, значи 21 дневен државен карантин и плаќање на авионската карта или автобуски билет.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ 21

Претходна статијаАмди Бајрам остана без една нога, па проговори емотивно – Не знаеме што може да ни донесе животот
Следна статијаНајголемиот авио-превозник во Македонија „Визер“ се соочува со тешки денови: Ситуацијата си го направи своето