Сашо Тасевски: Албанците не се виновни, треба фала да им кажеме – не се зафркавам ич

0

Три кривични пријави ќе поднесе МВР по вчерашниот хаос во скопската населба Сингелиќ. Министерот Чулев вели дека за остантите лица кои по приведувањето излегоа на протест ќе се разгледуваат материјалите.

Според Чулев, полицијата забелажала слика на социјалните мрежи од поголема група на улицата „Алија Авдовиќ“ и по добиеното сознание, службеници се упатиле да извршат контрола.

-При пристигнувањето на полициските службеници на конректната локација забележана е група од 8 лица кои откако ги забелкежале полициските возила дел од нив се дале во бегство, а три лица останале на самото место при што од страна на полициските службеници биле лишени од слобода и биле спроведени во полициската станица Гази Баба за понатамошно постапување. При лишувањето од слобода едно од лицата се претставило како советник во општината од редовите на политичката партија СДСМ со што сакал да изврши притисок врз полицискиот службеници со цел истиот да не биде лишен од слобода.

На вчерашниот протест се појави и градоначалникот на Гази Баба, Георгиевски, кој на насобраната толпа на луѓе им ветуваше дека приведените лица ќе бидат ослободени од Полициската станица.

Чулев вели дека оваа постапка на Георгиевски била во координација со МВР со цел да се смири толпата. Чулев вели дека градоначалникот е претседател на општинскиот кризен штаб и член на Советот за превенција, па од таа позиција се појавил на протестот.

Општинскиот кризен штаб во Гази Баба во моментот заседава, а изјава од Георгиевски очекуваме по завршување на седницата.

Со реакција се огласи актерот Сашо Тасевски на својот профил на Фејсбук:

Може ќе пукне некој од мака, ама Албанците НЕ СЕ ВИНОВНИ. Треба ФАЛА да им кажеме. Не се зафркавам ич. Еве зошто, ако некој не сфати.

Како дете што го тестира авторитетот на родителот, потполно исто, го тестираат авторитетот и силата на државата.Вчера во Гази Баба ни покажаа уште еднаш дека одважна држава која е строг и праведен родител, НИЕ НЕМАМЕ.

Или во превод, Албанците вчера во Гази Баба на лесен начин ја победија ова држава и нејзиниот расклатен авторитет. Затоа не се виновни тие, ама ич. Само ви покажаа на дело дека не ве бидува.

Без трошка иронија. Тешко е да се чуе, знам. Ама вистината никогаш не е пријатна. Затоа кажете и на Рада да ја повлече војската од Прилеп. Смешно е. Се натопориле со оружје пред маркети, чиниш Прилеп е Белфаст пред пола век. Театар на апсурд.

Претходна статијаПо синоќешните настани се огласи и Чулев и објасни што точно се случило – нема селективна правда
Следна статијаЗвучи неверојатно, но вистинитo: Германија бара помош од мигрантите за да се справи со Корона