Каде ќе им оди душата: Среде „полицискиот час“ ограбена црква

0

Нови 68 случаи на заразени со Ковид-19 во земјата во изминатите 24 часа. Карантинот со сигурност ќе продолжи и следниот викенд, со можност да се продолжи и на празничниот понеделник.

Ублажување на рестриктивните мерки за движење воведени поради коронавирусот може да се очекува на почетокот или кон средината на мај, а велигденските празници граѓаните ќе ги минуваат дома со можно продолжување на полицискиот час, најавува министерот за здравство Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа бројот на заболени од коронавирус надмина 800 луѓе, откако беа евидентирани 68 нови случаи. Најголемиот број-18, повторно се во Куманово, но линеарно зголемување се бележи и во Скопје, Прилеп, Струга и Велес.

Асимптоматските случаи на заразата, во кои предничат младите луѓе, и натаму остануваат најголем проблем за здравствените власти, поради што и се најавува можно продолжување на полицискиот час за претстојните велигденски празници.

„Тие поминуваат со многу лесни па дури и со никакви симптоми и се активни преносители на вирусот и во даден момент тие ќе создадат антитела. Ние со рестриктивните мерки за движење успеваме како држава да влијаеме на овој вид ширење на вирусот“, рече Филипче. Владата ќе решава дали и во понеделникот по празникот, кој е неработен ден, ќе важи целосната забрана за движење, вели министерот.

Од МВР информираа дека во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (11/12.04.), по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

На 11.04.2020 во 17.30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(52) од с.Црешево, скопско, пријавил дека во периодот од 16.00 до 16.45 часот во црква во изградба во с.Смилковци, скопско, непознати лица со употреба на сила влегле и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна статијаДокторката Гордана од Куманово која имаше Корона излезе од Инфективна, па порача: Еве и на боледување дома размислувам како да помогнам
Следна статија(ВИДЕО) Први снимки внатре од Инфективна клиника каде лежат пациентите со Корона