Докторката Гордана од Куманово која имаше Корона излезе од Инфективна, па порача: Еве и на боледување дома размислувам како да помогнам

0

Докторката Гордана Николиќ од Куманово која беше заразена со Корона вирусот пред два дена ја напушти инфективна клиника во Скопје, па се огласи ан фејсбук:

„Не знам за другите славни личности, но еве јас сум префрлена на домашно опоравување . И еве по мобилен ги охрабрувам другите заболени, мои познати, па и непознати . Може требаше психијатар да станам“.

Утринско кафе во домот …непроценливо.Звукот на птиците од околните дрвја преку отворена врата од тераса …непроценливо.

Моите “лоши диви гулаби кои ми го прават лом лимот пред прозорецот ” … и ми гугуткаат нешто од рано (веројатно ми се радуваат) ….непроценливо.

Близината на син ми кој е во другиот стан на 500 метри одалеченост некаде, исто како и сестра ми и зет ми….кои не ги гледам, ама блиску ми се …непроценливо. Комшиите, пријателите, роднините ….сите во мисли со мене… непроценливо. Дали ви се разјаснија некои работи околу тоа што е богат човек?

Седам дома, понекогаш се слушам со некои мои познати “позитивни” соборци и си правам анализа, на оние што немаат симптоми , на оние со благи и на оние со средно тешки како што бев јас. И зошто едни брзо се опоравуваат , а други бавно.

Кој како е изолиран дома , кој бил во контакт со кого, кој за колку време станал позитивен и бидејќи отсекогаш сум била по криминалистички романи и знаев да откријам кај пациенти болести на кои други не помислиле, ќе си донесам заклучок.Еве и на боледување дома размислувам како да помогнам.

Бидејќи само оној кој се разболел и го почувствувал стравот( зошто ги знае можните компликации ), сака да помогне да не се зголемува стравот , туку да се зголемува довербата во здравството. Мислам дека е добро што вирусот мутира, мутираните форми ќе се полесни, е сега к’смет е која форма ќе ве закачи.

Инаку сонцето и денес изгреа, да му се заблагодариме на животот што и ова утро се разбудивме и да се порадуваме на секојдневните обични работи… всушност на животот.П.С…..добро сум !

И повторно ве молам без телефонски јавувања само да ме слушнете. Добра сум, но ако ви се јавувам на сите минимум по 5 минути ( а најчесто не оди така и е половина час), и ако на сите пораки од инбокс, вибер и смс пораки одговарам, ќе немам време да одморам , да си направам чај , смуди, салата, супа , да јадам, спијам, да седам на тераса, молчам и дишам чист воздух пропратен со звуците на врапчињата, моите диви гулаби или музиката од лаптопот.

А потребен ми е одмор. Знам дека ме мислите , дека ме сакате…затоа и сум добра , веројатно љубовта преку универзумот ми ја пративте. Ако не ги слушам советите на мојот инфектолог кој ме водеше, јас не сум послушен пациент.Ве сакам….сите

Претходна статијаВенко Филипче одговори на прашање кој е неговиот најголем страв: Здравствениот капацитет не смее да се преполни
Следна статијаКаде ќе им оди душата: Среде „полицискиот час“ ограбена црква