Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалните мрежи утрово се огласи и споделие:
Како ја менаџираме здравствената криза, ефектите од мерките и како понатаму?
На овие теми, ќе разговараме денеска со вас, заедно со заменик-министерот за здравство, Арменд Арслани и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје, д-р Жарко Караџовски и д-р Владимир Микиќ.
Денес во 14 часот, следете ја во живо емисијата „КОВИД-19 – Прашања и одговори: Сѐ за коронавирусот“ тука и на каналите:
Во меѓувреме Филипче го соопшти пресекот за последните 24 часа од корона вирусот во Македонија:
Како ја менаџираме здравствената криза, ефектите од мерките и како понатаму? На овие теми, ќе разговараме денеска со…
Публикувахте от Венко Филипче в Неделя, 12 април 2020 г.
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 15, Куманово – 18, Прилеп -14, Тетово -2, Струга – 10, Велес – 6, Битола -1, Гостивар -1 и Кочани -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 312, Куманово – 200, Дебар – 49, Штип-27, Прилеп –72, Тетово – 33, Струга – 43, Велес – 30, Битола –9 Охрид –4, Кавадарци – 3,Гостивар –8 ,Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 21 Пробиштип – 1
Во изминатото деноноќие направени се 404 теста. Преку ИЈЗ – 300, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.
Во „8 септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а 1 пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.
Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.