Доктор Лазаров: Влада, за заштита на матични лекари немате ниту еден денар да дадете, а за МПЦ и ИВЗ имате

0

Со одлука која официјално ја објави на 8. месецов Владата во Службен весник ќе оддели 122.000 евра за МПЦ и ИВЗ, или поконкретно 73.000 евра за Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и 49.000 евра за Факултетот за исламски науки.

Иако за овие точки Владата пред подолг временски период дискутирала на седница, сепак стапуваат на сила по последниве изјави и закани кои деновиве ги изнесе поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи дека ќе ги суспендира мерките за собири поради коронавирусот за верниците да не се собираат во храмовите доколку не ја добие финансиската помош.

Сепак дел од познавачите на проблематиката велат дека не гледаат поврзаност на одлуката на Владата и заканите на поглаваро. Сепак апелираат верските лидери да внимаваат на вокабуларот кој го користат.

Изјавата на Реизот на ИВЗ, Сулејман Реџепи дека ќе ги суспендира мерките за собири на верниците доколку Владата не им помогне финансиски пак деновиве ја разбранува јавноста но и институциите. Тој во изјава за медиумите потсети дека си го бараат својот дел, но и писмено ќе ја потсетат Владата.

„Јас го побарав нашиот дел, Владата да биде внимателна што прави, имаме повратен одговор во кој се вели дека барањето е прифатено и дека е испратено на разгледување во секторот за финансии на Министерство за економија. Ќе ги потсетам малку поинаку, со писмо, затоа што не дај Боже ние да ги суспендираме одлуките, нема сила што ќе може да се бори против епидемијата, ви гарантирам, тогаш тука ќе стане Бангладеш“ – рече Сулејман Реџепи.

Истражувачката репортерска лабораторија објави дека Владата на 8 април одобрила околу 120 илјади евра за факултетите на ИВЗ и на МПЦ. Одлуката, како што наведуваат од ИРЛ, истиот ден е објавена во Службен весник, а Факултетот за Исламски науки од Кондово добива 3 милиони денари или речиси 50.000 евра, а Богословскиот факултет 4.500.000 денари или 73.000 евра.

Статус на докторот Ненад Лазаров:

Влада, за заштита на матични лекари немате ниту еден денар да дадете, а за МПЦ и ИВЗ имате? Ќе ве чини многу повеќе, многу набрзо, многу жртвуван персонал, а и животи.

Упте колку долго ќе лечиме пациентите по телефон? А на овие “вернициве” им порачувам, ако има грам Господ во вас, веднаш се да донирате во заштитна опрема на медицинските работници, арам да ви се!

Претходна статијаМожно ли е Заев или Мицкоски да му го пренеле вирусот на новинарот?
Следна статијаВажно соопштение за сите што се со виза во Германија – важи и за Македонците