Можно ли е Заев или Мицкоски да му го пренеле вирусот на новинарот?

0

Во текот на завчерашниот ден, главна тема во македонските медиуми беше позитивниот тест на колегата новинар Гоце Михајлоски, уредник во Канал 5 телевизија.

Тој во неговата блиска фамилија имал член кој е позитивен на коронавирусот, изјави директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова.

Михајлоски последниот викенд од претходниот месец бил во Прилеп кај неговото семејство, а по три дена, откако се вратил, ги интервјуирал прво лидерот на опозицијата Зоран Заев, а потоа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Споменатото лице е хоспитализирано во ‘8 Септември’ каде е потврден позитивен наод на коронавирусот. Да, во блиска фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен, новинарот имал контакт со тој член на неговата фамилија.

За детални информации, кој и каде ќе биде ставен во самоизолација, ќе биде донесена одлука откако ќе заврши епидемиолошката анкета која е во тек“, рече Бухова.

„Канал 5“ веќе објави дека Михајлоски по враќањето од Прилеп продолжил со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми.

Првите симптоми , според телевизијата, кај колегата Михајлоски се појавиле по шест дена, односно на 5 април. Михајлоски почувствувал изнемоштеност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17 часот го напуштил работното место. Дотогаш, како главен и одговорен уредник на телевизијата, имал контакти со речиси сите новинари, односно репортери.

Вчера на социјалните мрежи можеа да се видат наразлични коментари, најчесто со осуди на новинарот, како тој да е виновен или да сакал да се најде во состојбата во која што е.

Единствено што држи е доколку навистина има заразен во неговото семејтсво и Михајлоски имал директен контакт со него, а потоа продолжил да оди на работа, тогаш тоа е неетички, неодговорно и за секоја осуда.

Но има една друга опција за која малку кој разговара. Тоа е некој од неговите гости во емисиите кои ги води, па зошто не и Христијан Мицкоски или Зоран Заев да го заразил него!

Завчера вечерта веднаш, кај двајцата, Мицкоски и Заев беа направени тестови, кои беа негативни. Но овде ќе поставиме прашање. Што доколку тестот кај некој од двајцата лидери бил лажно негативен? Дали им е направен контролен, втор тест?

Бидејќи, познато е дека најголеми сејачи на овој вирус се асимптоматските носители, односно оние кои се заразени, но немаат никакви симптоми. Се смета дека такви се преку осумдесет проценти.

Претходна статијаПристигна важна вест за сите што поседуваат бугарски пасоши – вклучувајќи ги и Македонците
Следна статијаДоктор Лазаров: Влада, за заштита на матични лекари немате ниту еден денар да дадете, а за МПЦ и ИВЗ имате