Од вчера од 16 часот започна 61 часовниот комплетен карантин, поточно „полициски час“ на територија на цела држава. Ова е мерка што е за првпат воведена во нашата држава.
Причините се добро познати, а тоа е да се успори ширењето на опасниот Корона вирус кој од ден на ден го имаат се повеќе наши жители. Поради фактот што времето е пријатно, а граѓаните не може да се движат, многумина се решија за една друга варијанта.
Имено, старите куќи и викенд куќите кои се во планинските села, од вчера се полни со луѓе кои решија викендот да го поминат во природа и на чист воздух.
Оваа информација ни ја потврдија неколку читатели, од кои еден сподели како го минува карантинот во планина, навраќајки се на корените на неговите предци.
„Со олгед на тоа што полицискиот час започнува од 16 часот, работевме до 14 часот по што заминав во маркет, пазарив храна и веднаш со моето семејство се упативме на нашиот семеен имот на планина. Еве денес сме овде втор ден и само можам да посакам сите да можете вака“, вели Благоја И. од источниот дел на нашата држава и додава:
„Сликата е прекрасна, полни куќи како некогаш, детски џагор, луѓето се во своите ниви, домаќинките готват на огништата. Дрвцата се расцветани, прекрасен мирис во воздухот. Мир и тишина, едноставно убавина.
Се слушам со пријателите и можам да кажам дека во многу планински села како во Виница, Македонска Каменица, Кочани, Делчево, Берово е иста глетката, речиси во сите куќи има по некој.
Искрен да бидам, овде се чувствуваме безбедни, нема никаква опасност од вирусот, природа и пространство колку ти душа сака, да прошеташ и да останеше активен. Здрава храна, од нива, свеж воздух, наспан конечно.
Излетничките места, поточно нивните викендички исто така се полни, а пред неколку дена од Берово и Пехчево порачаа граѓани од други општини да не доааѓат во нивните места за да се одбегне ризикот од ширење на корона вирусот.
С.С. ФОТО: Илустрација.
Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.