Гордана од Скопје по 13 дена излезе од болницата „8-ми септември“ и упати порака до сите вработени – вие сте моите херои

0

Статус на Гордана Несторовска:

ДО ВРАБОТЕНИТЕ ВО ГОБ „ОСМИ СЕПТЕМВРИ“, ВИЕ СТЕ МОИТЕ ХЕРОИ

Изминатите 13 денови бев сместена во ГОБ „8 Септемви“ во Скопје. Во болницата пристигнав со тешкотии во дишењето, збунета и уплашена.

Уште на првиот контакт со сите во дежурната служба согледав дека околу мене се хумани луѓе и докторите се професионалци, посветени на пациентот и негово добро. Поради природата на симптомите но и претходни лекувани и актуелни болести, веднаш бев примена на лекување во болницата

Во текот на тие 13 денови престојував во одделенијата каде се лекуваат болни и суспектни на Ковид и потоа на Пулмологија.

Моите резултати за среќа покажаа дека сум негативна на Ковид, и лекувањето продолжи се до подобрување на мојата состојба.

Тие денови сретнав многу доктори, сестри, болничари, хигиеничари, рендген техничари, лаборанти …. и други лица вработени во болницата. Сите стручни во областа која ја работат и безрезервно посветени на нас пациентите. Немојте да ми замерите, но искрено ќе кажам се почувствував како меѓу свои најблиски.

Во секој момент на денот или ноќта беше одговорено на секое мое прашање и моја медицинска потреба. Навистина многу значи кога повеќе пати докторите и сестрите ќе ве прашаат како сте денес, дали уште нешто ви е потребно.

Или кога додека ви го носат оброкот со зборовите на здравје, пријатно јадење Веднаш беа обезбедени потребните лекарства. Бев импесионирана од современа медицинска опрема, соодветни заштитни средства и почитување на сите пропишани протоколи.

Но исто така секој момент е исполнет со љубезност од целиот персонал, желба да се помогне и со почитување на личноста на секој пациент. Хигиената е на највисоко ниво, исханата е според потребите/дијагнозата на пациентот.

Сето тоа на нас пациентите ни го направи полесен престојот и лекувањето во болницата но и ни ја врати довербата во здравствениот систем.

Сите ние бевме исти за вас, подеднакво важни и подеднакво беа уважени сите наши потреби. Знаев дека сум на сигурно место каде сите се грижат за мене. Во моментите која ми беше тешко вие ме потсетувавте дека се ќе биде добро и дека наскоро ќе одам дома кај моето семејство.

И додека работевте во тешките скафандери покажавте почит за секој пациент. И после напорното дежурство не заборавивте да ни посакате добро утро и побрзо оздравување. За сето тоа бескрајно Ви благодарам.. Сите вие прекрасни луѓе ќе бидете на посебно место во моето срце целиот живот.

На сите Вас мои херои од „ 8 Септември“ Во посакувам да останете со добро здравје и да бидете секогаш среќни и успешни.

Фото: Илустрација

Претходна статијаСашо Тасевски: Има предлог или план за 14 дневен целосен карантин на сите вас – неофицијално
Следна статијаАнастасија Петрова додека лежела во возило на Брза помош, докторите се расправале по телефон за тоа што да прават со неа