Сашо Тасевски: Има предлог или план за 14 дневен целосен карантин на сите вас – неофицијално

0

Како што е познато, Македонија од вчера од 16 часот се наоѓа во целосен 61 часовен карантинд о понеделник наутро во 5 часот.

Од МВР информираа дека седумдесет и две лица не ја почитувале забраната за движење во изминатиото деноноќие на ниво на цела држава. Приведени се 42 ица,а за другите ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според статистичките податоци на МВР, на 97 лица им се издадени решенија за изолација, а 423 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Со своја реакција преку статус на Фејсбук се јави Сашо Тасевски кој го кажа следново:

Си правиме што сакаме, откако народот го заклучивме по дома. Предлог за покачување на акцизата за нафта за два денари. Тоа би значело поскапување на сите продукти кои и онака се до плафон.

Предлогот за ова доаѓа од ќеркиче на олигарх, нормално. На тој што немал, што растел во оскудација, нема да му текне на такво нешто во ваква криза. Останува владата да го прифати или не.

Неофицијално, за ваша радост, има предлог или план за 14 дневен целосен карантин на сите вас. Ова од одредени контакти што ме информирале.

Е сега, може е провокација, колку да објавам, а може има вистина во тоа, дека таков план постои. Само ќе ни се каже.

Излезе дека во јануари почината велешанка имала корона. Случајно откриле нашиве. Чувале примерок од бели дробови или така нешто.

Имам предлог, да се откопаат сите умрени во последниве 50 години и да се тргне во офанзивно тестирање. Не дека има нешто останати од нив, ама што има везе. Откопајте ги.

Пошто сме радикални у глупоќа, барем да се покажеме до крај. Па да видиме дали е баш од Кина вирусов.

Си правиме што сакаме, откако народот го заклучивме по дома. Предлог за покачување на акцизата за нафта за два денари….

Публикувахте от Sasho Tasevski в Събота, 11 април 2020 г.

Пошто јас и овде познавам луѓе што си имаат спржнато лилјак за ручек.

Претходна статијаВоен авион слета во Скопје: Уште една држава донесе помош во Македонија
Следна статијаГордана од Скопје по 13 дена излезе од болницата „8-ми септември“ и упати порака до сите вработени – вие сте моите херои