Докторот Ненад Лазаров повторно се огласи на социјалните мрежи и сподели важна информација и свое искуствот во кое се вели:
Тешки времиња се ова, се пишува нова историја, целосна промена на нашите животи и навики, се смени тотално се. Прек ноќ, и трае, а и ќе потрае. Малку знаеме воопшто за болеста, многу авторитети се избламираа избрзувајќи со заклучоци, учиме во од,чуму чалами?
Имам потреба да споделам искуство, до колегите, зборам за тие од нас шо работат со пациенти директно, за лекари, не за доктори по медицина у канцеларии.
Психички трауматски искуство е очекувано да ви биде првиот пат кога ќе прегледаш или интервенираш на пациент со COVID19. Особено кога ќе ти стигне и првиот резултат кој ќе ти потврди. На полноќ.
Чуден вид на шок е тоа, мислам дека само оние кои веќе го имале или ќе го имаат искуството ќе ме разберат, а малкумина ќе го споделат јавно. Мене на пример, ми требаше рестарт од 3 секунди, клекнав буквално.
Иако знам дека нема шанси да се инфицирам од тој пациент, зошто бев обезбеден максимално, иако смешно многу поопасен е контактот со било кој друг човек вон ординација, иако сум бил во далеку поризични ситуации како лекар, од поопасни биолошки непријатели.
Потоа ќе видиш и други, и тоа е тоа.
На толку многу асимптоматски пренесувачи, од момемтот кога тоа ќе го сфатиш, се е поинаку, се навикнуваш, т. е. не размислуваш веќе на ризикот дека ќе се инфицираш, зошто, тоа ти е работа и мора да продолжиш.
И ти се гаси тој дел од мозокот.
Стануваш и одиш на работа, луѓе зависат од тебе, блиски, далечни,многу луѓе. Имаш цивилизациска обврска да извадиш се што е најдобро од себе. Сите ние. Ако сме платени мизерно, нека ви служи на чест.
Кој апсурд е тоа, мора да има жртви за да има што помалку жртви. Ќе бегаш од најблиските. Боли тоа и ретко кој ќе те разбере. Зборувајте на глас, празнете душа, не го држете у себе, ова ќе биде тек динамично и променливо, на кој не му е јасно нека се подготви.
Тешки времиња се ова, се пишува нова историја, целосна промена на нашите животи и навики, се смени тотално се.Прек ноќ,…
Публикувахте от Nenad Lazarov в Сряда, 8 април 2020 г.
И нека има и непроспиена ноќ, ќе помине. Да останеме на нозе сите што подолго сите, тоа посакувам, за да помагаме што повеќе. И слушајте музика.