,,Што барале старите надвор, а што очекувавте вие, да вегетираат дома дека се стари?”

0

Ана Костовска: Старите лица ем тепани ем не им даваат да плачат..

,,Неможам да разберам каде сте израснати, кои се вашите морални вредности и како немате ни малку емпатија према старите луѓе , тие се ваши баби и дедовци, тие се вашите мајки и татковци .

Какви ви се тие нехумани коментари, што барале надвор, зошто се буткале пред банки … а што очекувате вие од нив , дека треба само да вегетираат дома, да не излезат никогаш, бидејќи се стари нели , па што има да излагаат од дома ( дури и кога не е корона во прашање ).

Драги мои , ме интересира каков живот очекувате да живеат вашите родители што за вас е нормално тие само да вегетираат по дома ?? Кога последен пат тие биле во кино, во театар, биле на некој викенд или на одмор ( ама не како ваш сервис за чување деца и внуци ) ..

Знам чудно ви е моето прашање, зошто тие се стари и треба само да вегетираат, само да постојат ама никако немаат право да живеат !! Уште се фалите по ФБ како вашите родители биле примерни не мрднале од дома повеќе од 25 дена, а сигурна сум и дека години наназад исто така живеат, без кино, без театар, без прошетки , без одмори… со и без корона.

Наместо да се запрашате дали мерките предвидени за оваа категорија граѓани да имаат право на излез од 5ч ( кој нормален излага во 5ч наутро ?!? ) па до 11ч , и сега од утре уште полошо само 2 часа во денот (со што немивно ќе предизвика хаос од гужва) се воопшто хумани и ок, вие ги критикувате и плукате зошто правеле гужви пред банка и супер маркет.

Не не е животот само да постоиш , животот е да го живееш , па макар имал и 100 години !!!! ? postot e na ana antic,a jas se soglasuvam vo potpolnost”

Претходна статијаКрешник до трговците: Не ги зголемувајте цените, следиме што се случува – сега не е време за профит
Следна статијаДобро утро Министер Венко Филипче – денес пак јавно Ви пишувам