Како што е познато, од денес започнуваат дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8.4.2020, од 16 часот
Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.
Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Дополнително,За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.
За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи на вчерашната емисија „Прашалник“ на РТС, рече дека е веројатно дека полицискиот час во Србија за викенд ќе започне во петок наместо во сабота.
Тој изјави дека доколку се согласи фелата, ќе се воведе полициски час од петок од 15 часот до понеделник, нагласувајчи дека ова е сигурно за Белград и за Ниш.
„Ќе се обидеме да ја укинеме вонредната состојба во прва прилика без да го загрозиме јавното здравје“, рече српскиот претседател, проценувајќи дека таа може да се укине во рок од еден месец, а можеби и порано, дека тој веќе ја гледа „светлината на крајот на тунелот“.
„Таа светлина ќе се приближува секој ден, така што ќе можеме да започнеме да работиме наскоро, но нема да брзаме со цел короната да не ни се врати повторно“, рече Вучиќ за РТС.
Тој истакна дека земјата е далеку од излез од кризата, но тој може да го види тоа. Предупреди дека ќе биде тешко и со економијата, но се надева дека Србија ова ќе го надмине подобро од другите земји и дека очекува наскоро таа да излезе од ова и да биде една од најуспешните европски држави.
Вуќич нагласи дека се преземаат мерки за зачувување на животот.
„Се вознемирувам секоја вечер кога гледам колку луѓе умираат. Тоа е она што ме вознемирува. Ако мерките за заштита на нечиј живот нарушиле некого, жалам за тоа, но тие ќе бидат донесени. Отсекогаш сме имале огромен број проблеми, од поплавите до ова денес, а луѓето што се бираат на оваа функција не се оние кои се плашат од сопствената сенка, туку тие што ќе ги донесат одлуките, и јас немам проблем со тоа што ќе каже некој“, нагласи Вучиќ