Борко Ристовски го комплетираше враќањето назад во Вардар, откако по раскинот на договорот со Бенфика ја избра токму понудата на македонскиот првак иако за неговите услуги се интересирал и поранешниот клуб, бундеслигашот Рајн-Некар Левен.
„Ме бараа неколку клубови, меѓу нив и Рајн-Некар Левен, но го избрав Вардар бидејќи сакам да сум овде, да помогнам овој тим да постои. Не дојдов поради пари, туку за да помогнам најмалку до крајот на сезонава“, изјави Борко Ристовски.
Воедно, тој ги демантираше информациите дека неговиот камбек е поврзан со претстојните политички избори во државата.
„Моето враќање нема врска со политиката, јас сум спортист, а не со политичар. Во политиката влегов да му помогнам на спортот, по природа сум револуционер и ја сакам својата држава“, порача Ристовски.
Човекот кој долги години беше прв голман на македонската ракометна репрезентација и го доби прекарот „министер за одбрана“, Борко Ристовски влегува во политиката.
Борко во иднина ќе биде советник за спорт на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Досега Борко не се поврзуваше со некоја политичка партија, а ова е веројатно е најава за тоа во каков правец ќе се движи неговата кариера после завршувањето на ракометната кариера.
„Чест,задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.Од моја страна,можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт.
Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации,клубовите,спортските работници и се разбира спортистите,пренесени од позитивните пракси од европските земји.Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ке го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење. Да живее Република Македонија“, стои во соопштението кое Борко го објави на неговиот Фејсбук профил.
Денес Ристоски повторно се огласи и напиша:
Драги пријатели,познаници,фанови. Мојата фан страна беше изминативе денови нападната,хакирана од непознати сторители(засега). Доколку сте добиле било какви пораки од мојата фан страна со навредлива содржина сакам однапред да ви се извинам.
Изминатиов период добивав дирекни и индирекни пораки, “совети” за тоа дека треба и мора да ја прифатам реалноста во однос на новото име на мојата земја(Македонија) и да намалам со моите постови каде експлицитно го употребувам името Македонија.
Dragi prijateli,poznanici,fanovi. Mojata fan strana bese izminative denovi napadnata,hakirana od nepoznati…
Публикувахте от Borko Ristovski в Вторник, 7 април 2020 г.
Па од тука би сакал да им порачам на сите тие советодавци. Никогаш нема да ја прифатам вашата реалност. НИКОГАШ!!! Мојата “борба” за мојот углед ,чест..мојата МАКЕДОНИЈА допрва почнува. Останете ми сите во добро здравје,чувајте ги вашите најблиски и чувајте се себеси.