Здравко Савески: Каков огромен безобразлук

0

Кредитите не ги сакаме, а Владата да се погрижи за работниците, бидејќи до сега се отпуштени околу 15.000 лица од угостителскиот сектор, кој брои вкупно 29.000 работници. Ова денес и го порачаа на Владата илјадници угостители од земјава, групирани во Туристичко-угостителската комора при ССК. Велат економските мерки нема да ги користат оти тие не се доволни, рестриктивни се и само ќе ги дозадолжат.

„Сакаме да и соопштиме на Владата дека угостителскиот сектор односно субјектите кои ги застапуваме нема да ги користат најавените мерки и дека средствата можат да ги насочат директно кон сите оние кои остануваат без работа или во сектори кои што мислат дека ќе постигнат ефект.

Веќе е почнат процесот на одјавување и по наши информации повеќе од 60 проценти низ цела Македонија се одјавени вработените. Точна бројка немаме, она што го имам јас како неофицијална информација е дека се ближи до бројката 15.000.“- изјави Ангеловски.

Според Ангеловски, субвенциите за плата од 14.500 денари, според најавите нема да можат да ги користат оние кои користат друга субвенција како таа за зголемување на платите во стопанството.

Дека мерките на владата за спас на економијата се неупотребливи, и мал дел од компаниите ќе успеат да стигнат до нив, реагираат и експертите. Велат мораше да се донесе национална стратегија за спас на стопанството, зошто во ваква ситуација која никој не знае колку ќе трае покрај стопанството ќе настрада и буџетот бидејќи ќе нема кој да го полни.

„Мерките се скоро неостварливи. Еве сега ќе кажам зошто. Тие што се полоши компании не ги платиле даноците,едноставно немаат, не работеле, не ги платиле.не полошти, пофрагилни.

Тие што с епостабилни можат да земата но тогаш ќе се осудат дека до крајот на годината се откажуваат од сите останати мерки, субвенции, права, хонорари, добивки, награди итн. Едноставно се направени така за да ги гледате, а да не сакате и да не посакате да ги искористите“- изјави експертот Горан Рафајловски.

По одржаниот прес со своја реакција на социјалните мрежи се јави Здравко Савески:

Сакате да видите што е класна гордост? Гледајте го пресот на капиталистот што зборува во име на Угостителската комора.

Тој ѝ порача на владата: Задржете си ги парите, ние ќе ги отпуштиме работниците! Каков огромен безобразлук! Профитот над се’! Попрофитабилно им е да ги отпуштат работниците отколку да примат помош од државата. Солидарност во услови на криза? Што беше тоа? Пи-ар кој го користат само за сликање.

Не можеа да ги пратат работниците на принуден одмор? Можеа. Ама не, попрофитабилно им е да ги отпуштат и после кризата пак да ги вработат! СВИЊИ КАПИТАЛИСТИЧКИ!

И немојте да ми пљмпате дека државата е крива што не ги ЧАСТИ газдите! Прво, парите не растат по дрвјата. Второ, финансиската моќ е ослабена зашто капиталистичките ѓубриња одбиваат да плаќаат повисоки даноци.

Трето, зашто не може најважен да биде профитот, особено во услови на криза! Не може да им се дозволи на капиталистите да си го држат чекмеџето затворено во услови на криза, едно денарче од таму да не излезе!!!!

Претходна статијаМаленко: Морав да ставам клуч на врата, а имам 7 вработени
Следна статијаД-р Даниловски: Што можевме да направиме и што треба да направиме